НЕ МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ: Рада Манојловиќ живее во страв – ги спакува коферите и си замина во родното село, ова е причината!
Рада се плаши.
Пејачката Рада Манојловиќ уплашена е поради моменталната ситуација со корона вирусот, па отпатувала во родниот Четерез како би била на сигурно и може да го контролира нејзиниот татко кој е во ризични години.
Како што пишуваат српските медиуми,пејачката толку се плаши од вирусот што му забранила на нејзиниот татко да излегува.
– Рада многу се уплаши од новиот бран на короната кој е најжесток. Затоа побегна од Белград каде бројот на заразени е се поголем со денови и не се намалува.
Во селото живее таткото со сетрата Маја, со макеата и бабата, па гледа сите да ги заштити. Дури забранила роднини и соседи да не им доаѓаат на посета, а по намирници оди таа и сестра и.
Носат маски, визири и ракавици. Нејзиниот татко се побуни, на човекот му е досадно да седи дома, но Рада не сакаше да попушти бидејќи се плаши за неговиот живот.
Дури и на Харис му рече да седи во Босна и да не доаѓа додека се не се смири, па нема да се гледаат во наредните недели, рекол избор за медиумите.
Нормално е да се плаши Рада бидејќи таа многу млада остана без својата мајка, во продолежение проследете ја тажната приказна на пејачката.
Рада Манојловиќ остана без својата мајка Мирјана пред 15 години, кога таа ја изгуби битката со тешката болест.
Пејачката тогаш имала само 19 години и тоа за неа беше најтешкиот и најболниот период во животот.
Таа и денес се сеќава и тагува за својата мајка Мирјана, а своевремено објави и стара семејна фотографија со емотивна порака со која ги растажи своите обожаватели.
-Таа заслужува да знаете како изгледаше и колку била убава. Мојата убавица, мојот херој и ангел“, напиша тогаш Рада.
Пејачката отворено зборуваше и за тоа како се чувствувала кога дознала дека нејзината мајка боледува од тешка болест.
-Моментот кога дознав дека мама боледува од опасната болест за мене беше најтешкиот во животот.
Се молев на Господ да оздрави, да и даде сила и верував дека ќе успее да го победи ракот, но за жал, Бог сакаше да биде поинаку.
Таа не напушти во 2004 година, а јас се до последен момент бев со неа. Тешко ми е да зборувам за тоа бидејќи тоа се болни моменти за мене и тие слики нема никогаш да ги заборавам, изјави познатата пејачката за порталот „Глоси“.
Таа притоа додаде и дека нејзината мајка сакала да успее во пеењето и дека потполно верувала во неа.
-За сето она што го постигнав во животот и го должам на неа“, изјави познатата пејачка во нејзиното интервју.