Васко го знаеме сите, но погледнете како изгледа неговата сопруга – ГОРДИОТ ТАТКО објави фотографија и од нивниот син Матеј
Васко Ефтов важи за еден од најдобрите македонски новинари кој зад себе има богата новинарска кариера.
Ефтов е најпознат по неговата популарна политичка емисија „Во центар“, а од неодамна го пушти во етер и неговиот портал кој го носи истото име како и емисијата.
И додека неговите политички анализи ги следат сите, малкумина знаат како изглед неговата сопруга.
Тој е оженет со Соња, со која во брачните води заплови пред седум години и добија две деца.
Прво се роди ќерката Елени, а потоа и малиот Матеј кој веќе порасна, па Васко објави и заедничка фотка.
Што се однесува до неговата лична карта, тој самиот во едно интервју вели дека сакал да стане спортски тренер по кошарка, дека студирал економија и требало да биде професор во средно училиште. Но судбината очигледно дека имала други планови за Ефтов, па така тој сега е еден од најдобрите новинари и политички аналитичари во нашата земја, а неговите политички емисии и интервјуа се едни од најгледаните и тоа не само во Македонија, туку и во регионот.
Во неговата емисија „Во центар“ досега се имаат појавено највлијателните политичари во регионот, а гледаноста од ден на ден расте и руши рекорди,
На почетокот од кариерата обелоденува афери на голем број олигарси во Македонија, а како што самиот призна кога гостуваше во шоуто „Еден на еден“, се случувало и да мора да го напушти Скопје за да не му се случи нешто.
Познат е и по тоа што многу гости досега му станале заради незгодните прашања, а како што самиот вели, во 90 % од случаите однапред знае кој ќе замине. И како што вели, најинтересен таков случај му е со професорката Билјана Ванковска, кога сакала да си замине, а всушност тие биле гости кај неа, во нејзината канцеларија.
Поради „жешките“ теми што ги објавува, неговата емисија многу пати е забранувана во етерот, а најпозната таква емисија му е онаа за потеклото на Никола Груевски.
Инаку, Васко со Соња се ожени во 2013 година, а таа претходно му беше соработничка во неговиот проект.
Матеј се роди минатата година во август, а веста тогаш прв ја сподели неговиот горд татко.
„Елени доби брат, а Соња и јас син. Бог така сакаше, Да сте живи и здрави и Господ да ве чува и да ве брани“, напиша тогаш Васко на Фејсбук.
Погледнете уште неколку фотографии од семејниот, но и од професионалниот живот на Ефтов.