Шехерзад со новата објава ја израдува цела Турција – погледнете ја новогодишната бајка во нејзиниот дом, ќе се воодушевите!
Конечно излезе од изолација
Најпознатата турска актерка Бергузар Корел на социјалните мрежи објави дека излегува од изолација. Таа се пофали и со новогодишната елка, а преубавите фотографии што ги објави ги воодушевија нејзините бројни фанови.
Бергузар која на овие простори се прослави со улогата на Шехерзад од „1001 ноќ“ во која глумеше со нејзиниот сопруг Халит Ергенч, има двајца синови, Али и Хан. Таа веќе некое време е посветена мајка и ретко можеме да ја видиме на ТВ екраните, но затоа речиси секојдневно ги радува своите обожаватели со нови фотографии на Инстаграм каде споделува детали од своето секојдневие.
Многу често на својот Инстаграм објавува фотографии и со своите домашни миленици, но не и слики од своите синови коишто ги чува далеку од очите на јавноста.
Во последната објава со хаштагот „Нема повеќе Корона“, и со детали дека поминал периодот на изолација таа ги повика своите фанови да бидат хумани за време на новогодишните празници. И самата подари фустан кој што го носеше на една новогодишна прослава. Пред неколку дена сподели и своја фотографија на која позира ви својот дом покрај прекрасно украсена новогодишна елка.
„Ги раширивме рацете, ја чекаме 2021. Нека ни донесе здравје, духовен мир, слобода“, напиша актерката.
Покрај елката, обожавателите го забележаа и пофалија и изгледот на шармантната домаќинка, а тоа можеме да го видиме и од бројните комплименти и ласкави коментари што ги добива под секојасвоја фотографија.
Домаќинка каква немал ни султанот
Шехерзад неодамна сподели и една фотографија од која можевме да видиме како изгледаат нејзините утра, но и каков појадок подготвува за семејсвото.
Покрај тоа што покажа како изгледа веднаш откако ќе стане од креветот, таа откри и со која храна го започнува денот.
Познатата турска актерка не крие дека сака раскошна трпеза за појадок. Таа тогаш сподели фотографија од која може да се види дека на масата има барем три вида на јадења за појадок за своето семејство, а покрај јајцата на кајгана што ги подготвува секое утро, како задолжителен дел од нивниот појадок ги наведе и здравите печива, овошје и разни видови на сирење, што може да ги видиме и ние.
Инаку, нејзиниот сопруг Халит Ергенч наполни 50 години и тоа непосредно откако го доби својот втор син.
Бергузар и Халит веќе го има осумгодишниот син Али, кој е воодушевен што има постаро братче.
„Халит секогаш ми помага во сé. Не се сеќавам дека некогаш сум се чувствувала осамено во смисла дека сама морам да го воспитувам и одгледувам Алу, за време на сите овие години“ – гордо изјави Бергузар непосредно пред второто породување. Тоа што е опкружена со тројца мажи не само што воопшто не ја плаши, туку напротив, максимално ужива со нив.
„Фактот дека во куќата имате тројца мажи и дека сите тие ќе ме сакаат прави да се чувствувам уште поубаво, и воопшто тоа не ме плаши, туку напротив ме радува многу“, заклучи тогаш шармантната турска актерка која сите ја паметиме по нејзината геијална улога на Шехерзад.