ОТКРИЕНА ТАЈНА КОЈА СЕ ЧУВАШЕ ДВЕ ДЕЦЕНИИ: Бјелогрлиќ ја растажи цела Србија – актерот ова се уште не може да го преболи

Бјелогрлиќ со емотивна порака.
Актерот Драган Бјелогрлиќ стана познат на Балканот по спектакуларната серија “Bolji Život” која и ден денеска се гледа.
Неговиот „чале“ во серијата беше покојниот актер Марко Николиќ кој почина во Белград на 2.јануари 2019 година.
Бјелогрлиќ никогаш не криеше дека со Николиќ стекнал драгоцено актерско искуство и за тоа ќе му биде вечно благодарен.
По тој повод Бјелигелиќ објави фотографија на Инстаграм со емотивна објава која ја расплака цела Србија.
На фотографијара се „чале“ и „син“, а Бјелогрлиќ додал коментар:
– Чале…Засекогаш во нашите сеќавања.
Оваа потресна порака е доказ дека Бјелогрлиќ не го заборавил својот филмски татко, а секој кој ја виде оваа фотографија не остана рамнодушен а да не искоментира.
Исто така ќе ве потсетиме и на единствената љубов на актерот, а тоа е неговата сопруга која цела Србија ја нарекува Моника Белучи.
Црногорката Маја Баниќевиќ која е родена во Никшиќ, Драган Бјелоглиќ ја засака за време на снимање реклама во средината на деведесеттите години.
Со работата како модел, Маја почнала да живее сама многу рано. Поминала четири години во Париз, а потоа се сели во Виена.
Таа работеше за агенцијата “Форд” и беше на насловните на списанијата Мари Клер и Ел, таа имаше значајни претставувања на ревии, но честопати доаѓаше во Белград, бидејќи запиша и дипломираше англиски јазик и литература.
Поради убавината и цртите на лицето српските медиуми ја викаа Моника Белучи.
Драган Бјелогрлиќ неодамна откри една тајна од снимањата на култната „Ајде да се сакаме“ каде глуми и најголемата југословенска ѕвезда Лепа Брена.
Лепа Брена пред повеќе од три децении заиграла во филмот „Ајде да се волиме“ заедно со Драган Бјелогрлиќ кои сега открива интересни детали од снимањето.
– Бидејќи Брена немаше актерско искуство, јас и реков се да правиме реалистично и да нема фолирање и дека тој бакнеж треба да го направиме онака како што треба.
Се сеќавам дека режисер беше Станко Црнобрњо и викаше „Стоп, стоп, Брено полека малку“ Сериозно ја сфати таа улога бидејќи беше сериозен професионалец и се правеше 100 посто, но во филмот влезе таа поблагата верзија на бакнежот, кој не беше вистинскиот, открива Драган Бјелогрлиќ.
Во продлжение ќе погледнете уште неколку фотографии од филмските сцени каде има играно Драган Бјелогрлиќ.