Познатата „Гранд ѕвезда“ потполно го промени својот имиџ – шок за фановите, ваква трансформација никој не очекуваше!

Милица Павловиќ отсекогаш посебно внимавала на својот изглед, но овој пат одлучи да направи промена со која ги воодушеви сите.

Имено, пејачката покрај својот божествен глас плени и со својата убавина. Од своето прво појавување во Ѕвездите на Гранд во 2011 година своите обожаватели ги навикна на долгата препознатлива кафеава коса.
Но овој пат Милица одлучи да направи драстична промена и ги изненади сите.
Имено, таа своите препознатливи кафеави прамени ги замени со руси, а новиот изглед премиерно го покажа на снимањето.

Фановите воодушевен се натпреваруваа кој попрво ќе и испорача најубавиот комплимент, воодушевени од новиот изглед.

Пејачката никогаш не криела дека е перфекциониста, а вој пат евидентно е дека изгледа многу подобро од кога било досега.

Таа со новиот имиџ погоди директно во центар, а како изгледаше порано и дали промената навистина добро и стои, погледнете во продолжение.

Милица го плени вниманието како со својот глас, така и со харизмата, иако речиси никогаш не ги преминува границите на пристојноста. Таа речиси никогаш не игра на картата на провокативниот стил како многу нејзини колешки, но можеби тоа не и ни треба, кога и со една ваква промена во нејзиниот имиџ се најде во центарот на вниманието.
Па, дали ви се допаѓа Милица во вакво издание?













