Нашата шармантна водителка за својот сопруг вели дека е убавец како фаталниот Кемал од „Карасевда“ – еве како изгледа тој
Елена Стојановска-Јанковска важи за една од најубавите водителки на нашите мали екрани.
Таа е емотивно исполнета жена и за жал на многу мажи кои би сакале да е соло, таа ужива во љубовта со својот Огнен.
Елена својот приватен живот не сака да го експонира многу во јавноста, па затоа и нејзиниот сопруг немаме прилика често да го видиме. Тие од нивниот брак ја имаат осумгодишната ќерка Илина, а оваа година, во октомври, ја прославија јубилејната десетгодишнина од бракот.
На нејзиниот профил на Инстаграм се уште стои една преубава свадбена фотографија, а под неа интересен коментар.
„Таа одбра да биде мноооогу среќна, а тој одбра да му биде интересно цел живот“. Фотографијата е направена во октомври 2010, на денот на нивната свадба, а од неа можеме да се потсетиме како изгледаше водителката во венчаница, во прегратките на својата посилна половина.
Како што самата Елена изјави деновиве во нејзиното интервју како гостинка во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител, тие порано работеле во ист медиум, а прв пат се сретнале на една техно журка. Утредента се сретнале на работа, и Елена дури тогаш дознала дека и тој работи тука. Потоа и двајцата заминале од овој медиум, но на следното видување Огнен станал нејзино момче. Таа за него вели дека и е прв вистински партнер, сопруг и сé во животот.
„Убав како турски глумец“
Познатата водителка и на социјалните мрежи не крие колку е вљубена во својот партнер, а во една пригода објави негова фотографија на својот профил на Инстаграм и го пофали дека е „убав како турски глумец“.
„Ахх, она кога маж ти е убав како турски глумец“ – му поласка шармантната водителка тогаш на својот сопруг во шега, а потоа во коментари го спореди со Кемал- најверојатно од популарната турска серија „Карасевда“.
Инаку, Елена денес е и горда мајка, а во една пригода за Гламур Магазин за нејзината ќерка ќе изјави:
„Се опуштам со мојата Илина. Таа расте толку брзо и со неа се смеам вистински и од срце. Таа ми е ќерка, но во исто време си градиме и многу интересен другарски однос. Омилениот афтер ворк ми е кога спокојно со неа си го пијам попладневното кафе и ги откривам нејзините размислувања за нештата“.
„Искрено, јас многу работи учам од нејзината мала, умна, убава главичка“, ни изјави тогаш Елена.
Во продолжение прочитајте и еден коментар што Елена го постави за денот на роденденот на својата ќеркичка.
Еве што напиша таа тогаш:
„Љубов моја најголема. Денес е твој ден, мојот најважен ден 13 ноември. Не можеш ни да замислиш колку многу ме смени, колку сум горда и среќна дека си моја. Мое шеќер бебе, Среќен 7 роденден. Секој ден те сакам се повеќе! Мама“ пишува Елена под нивната заедничка фотографија.