Реклама
Наши ѕвезди

Оваа згодна баба се појави во „Никогаш не е доцна“ и направи хаос – во нејзиниот живот има море од солзи, но и совршен сопруг

Реклама

Третата епизода од популарниот натпревар „Никогаш не е доцна“ ја отвори мајка на три деца.

Во прашање е Мирјана Бажалац (42) од Кралево која за себе често вели дека е зла маќеа, но и згодна баба.

Маркетинг

Во животот сакала да биде актерка или пејачка, но морала да почне да работи уште кога имала 14 години, а денес за своето тешко детинство речиси и да не зборува.

„Навистина тешко живеевме, а едно време бев единствената во семејството што заработуваше“.

Маркетинг
Фото: Никогаш не е доцна

„Пеев по мали локали, кафеани, а подоцна започнав и со бендови“, раскажува Мирјана и додаде дека денес се кае за првиот брак и што не завршила училиште.

„Четириесет и две години дадов на семејството, но сега сум самата на себеси најважна. Време е да градам кариера“, порача Мирјана која во студиото ја дочекаа со аплауз. Потоа Жика и посака добредојде и откри пред гледачите дека се познава со Мирјана, но и дека не се виделе 20 години.

Фото: Никогаш не е доцна

„Многу ми е драго што те гледам на оваа сцена, и ете, постана баба со два брака, се пошегува Јакшиќ и ја пофали што таа денес има шест деца, три свои и три од сопругот.

„Мојата желба е сите да дојдат тука и да ја видат оваа убавина“, изјави Мирјана.

Таа во натпреварот маестрално се престави со песна од Ана Бекута од 1986 година.

Фото: Никогаш не е доцна

„Јас да сум во кафеана и ти да пееш, не би те пуштил да заминеш никогаш. Пред се, изгледаш прекрасно и одлично се однесуваш на сцената, плениш. Единствено можам да ти кажам“ секоја чст, и порача актерката, а ни Маре не криеше дека е воодушевен од нејзиниот глас.

Фото: Никогаш не е доцна

Но тој потоа додаде во шега и дека емисијата почна да му набива комплекси.

„Имам 52 години и се уште не сум дедо, а погледнете ги жените како изгледаат, а веќе се баби, се пошегува тој.

Фото: Фејсбук/ Мима Базалац

Инаку, Мирјана пред камерите не можеше да зборува за своето тешко минато.

„Морав да започнам да работам на 14 години бидејќи мојот татко се разболе тешко. Токму овој настап во првиот круг, како и целиот натпревар му го посветувам нему. Знам дека е среќен и дека од некаде ме гледа. Беше тешко болен“, изјави низ солзи Мирјана која ги воодушеви сите како со својот глас, така и со својот изглед и како се однесуваше на сцената.

Фото: Фејсбук/ Мима Базалац

Новинарите потоа за да и ги тргнат мислите од тешкото детство, ја прашаа дали и се допаѓа како нејзиниот стар познаник, пејачот и водителот Жика Јакшиќ, ја нарече во емисијата, „ce*cи баба со два брака“.

Фото: Фејсбук/ Мима Базалац

„Да, вистина е, имам внуци, две прекрасни момчиња – Давид и Тадеј. Имам и три ќерки. Постарата ќерка има 23 години, средната 21 и оваа најмладата девет години. Таа е мојот полнач за душата“ вели гордо натпреварувачката која во шега зборува дека е зла маќеа бидејќи и нејзиниот сопруг има три деца. Но во вистинскиот живот таа не е воопшто таква.

Фото: Фејсбук/ Мима Базалац

„За мојот добар изглед задолжен е господинот што се крие зад маската, мојот сопруг. Би сакала да го покажам но не смеа, има сите да се вљубат во него“, се пошегува таа.

Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац
Фото: Фејсбук/ Мима Базалац

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button