Реклама
Интервју

Стефанија Кржеска: „ Се смеам дури и кога ми е тешко, се е полесно кога си насмеан“

Реклама

Млада, талентирана и креативна девојка која не можете да ја одминете на социјалната мрежа Инстаграм. Минатата година беше прогласена и за инфлуенсерка на годината. Стефанија Кржеска од Прилеп е студент на Правниот Факултет во Скопје, а голем дел од слободното време го користи за креирање на интересни постови за социјалната мрежа Инстаграм.

Што значи да си инфлуенсер во Македонија?

Да се биде инфлуенсер во Македонија е вистински предизвик, бидејќи луѓето тешко ги прифаќаат новите работи, некако на се гледаат со скептизам. Често имаат погрешна претстава за нас, но на моја голема радост во последно време гледам дека добиваме поголема поддршка.

Минатата година бевте прогласена за инфлуенсер на годината, какви беа вашите очекувања за оваа година која полека одминува?

Да, беше тоа среќна година за мене, прв мој успех на ова поле. Нешто кое многу ми помогна да ме запознае поширока публика. Сеуште сум на почеток, не би можела да зборувам за некои големи очекувања, бидејќи и за мене секој ден е нов предизвик. Се трудам и вложувам во себе, секојдневната работа на долг период ќе ме одведе таму каде што треба. Имам трпение.

Маркетинг

Што најмногу те инспирира?

Ме инспирираат среќни луѓе, луѓе кои имаат визија и цел пред себе. Кои знаат што сакаат и работат на тоа. Ме инспирира успехот на големите луѓе. Кога велам големи луѓе мислам на оние храбри луѓе кои се соочуваат со секакви проблеми, но, на крајот на денот сепак остануваат на здрави нозе. Човек сум што постојано се смее, дури и кога ми е тешко. Затоа што се е полесно кога си насмеан. Па велам ако сретнеш некој без насмевка дај му ја твојата.

Има ли некој посебен дел од денот кој ти е најинспиративен?

Многу сакам да спијам, па не би можела да кажам дека утрата ми се инспиративни. Наутро сум често поспана, но како резултат на тоа останувам касно во вечерните часови и обично тогаш сум најпродуктивна. Се чувствувам некако како темнината и тишината да ми даваат мир и спокој. Често сакам вечерните часови да ги поминувам во размислување, тогаш ми доаѓаат и најубавите идеи.

Маркетинг

Бјути рутина која редовно ја применувате?

Имам среќа што немам проблеми со лицето, па не морам да користам ништо посебно во тој поглед. Наутро користам глицерински сапун и обична бекутан или пантенол крема. Кога бев тинејџер обожавав козметика, и често се шминкав. Имам и талент да го правам тоа, меѓутоа во последно време многу повеќе сакам природен изглед. Кога излегувам од дома се што ставам е течна пудра, коректор, руменило, маскара и сјај за усни. Немам некоја посебна бјути рутина.

Колку во Македонија можат да влијаат инфлуенсерите на општеството?

Нашето влијание е преку социјалната мрежа инстаграм, која таргетира одредена возрасна категорија, во која изостануваат повозрасните и оние во поизминати години. Не можам со сигурност да кажам дека инфлуенсерите имаат големо влијание, но не можам да кажам ни дека немаат влијание во општеството. Бидејќи самиот збор инфлуенсер доаѓа баш од таму, и означува некој кој е влијателен.

Што те прави среќна и исполнета?

Среќна ме прават моите најблиски, роднини и пријатели. Ме исполнува кога сум во нивно присуство, кога поминувам време со нив, затоа што знам дека тоа време е секогаш добро искористено време. Семејството е она што е клучно во мојот живот, моето семејство е најголема моја среќа и поддршка воедно.

Каде се прават најлудите фотографии?

Ова прашање ме насмевна. Додека траеше натпреварот ‘’Influencer Awards 2019’’, имав задача да ги претставам производите на ‘’Виолета’’ во најдобро светло преку 5 мои постови. Дојдов до идеја да сликам во маркет, во количка за пазарување. Со мојата најдобра другарка отидовме во маркет и направивме слика која го одвлече вниманието на моите следбеници. Беше малку невообичаена ситуација, но некогаш за добра слика мора да излезеш од својата комфорна зона.

Како се релаксирате?

Често сакам да пешачам, ме опуштаат долгите прошетки во планина, шума, парк. Ја сакам природата. Пред 3 години бев доста активен спортист, бев репрезентативка на Македонија во спортска ориентација. Ги обожавам трките во планина, но некако како годините и обврските да си го прават своето. Сега ми остана само таа навика да пешачам, кога имам слободно време.

Кое е твоето омилено парче облека од плакарот? Во што се чувствуваш најудобно?

Омилено парче облека периодов ми е бела долга кошула и џемпер врз неа. Најудобно се чувствувам во пижами и ги обожавам деновите кога останувам по цел ден по пижами, но во последно време се поретко ги има.

Омилено телевизиско лице?

Можеби е малку чудно, но многу ретко гледам телевизија. Единствено што следам се вести.

Која работа никогаш не сте ја направиле, а сте сакале?

Имам желба да летам со параглајдер, но до сега не ми се укажала прилика да го сторам тоа. Искрена да бидам треба и да соберам храброст.

Која лоша навика сте успеале да ја победите?

Тешко човек ги победува лошите навики, некако како да не сме ни свесни за истите. Моја лоша навика е станувањето од кревет во 11 часот. Со оглед на тоа што сум редовен студент и имам предавања од 10 часот, во последно време почнав да станувам порано. Но, кога имам слободни денови мојата лоша навика е сеуште активна.

Верувате ли во судбинска предодреденост или само во склоп на околности?

На ова прашање сум размислувала и некако моите ставови се контрадикторни. Од една страна мислам дека сами сме креатори на својата судбина, од друга страна пак има работи кои што ми се случуваат и не се во моја моќ, не можам да ги променам колку и да сакам да го сторам тоа , па идам само до заклучок дека тоа е можеби судбина, ете така требало да биде.

Најубавото нешто што ви се има случено поврзано со вашата работа?

Патувањето во Бали е дефинитивно најубавото нешто што ми се случило. Тој период како среќата да ми се насмевна. Бев избрана за инфлуенсер на годината, бев на насловна страна на списанието ‘’Убавина и Здравје ’’, и добив патување. Беше искуство што ќе го паметам цел живот. Бев горда на себе и ме поттикна да работам уште повеќе.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button