Основачот на Google е српски зет.
Убавата Ивана Берендик, некогашната членка на групата Моделс стана една од најбогатите Србинки откако се омажи за основачот на Google Томс Јермолук во 2005 година, кој од неа е постар 20 години.
Овој пар застана на лудиот камен во 2005 година, а Ивана роди близинаци во 2016 година.
– Не бев од оние девојки кои мечтаеа за принцот на белиот коњ. Ми се чини дека секогаш бев рационална од другите, па ми се случи да го добијам тоа за што не сум размислувала.
Томас во секаков начин е надмоќен од мене, што тоа за балкански менталитет многу годи. Имав нешто повеќе среќа од другите.
Покрај мене е маж со слободен дух, авантурист кој е по предизвици. Томас обожава егзотични патувања и екстремни спортови.
Отворен е и сака да проба се, а тоа нас не спои. И двајцата сме радознали, сакаме да откриваме нови земји и култури.
Го запознав кога имав 20 години тогаш имав многу проживеано од моите врсници. Тој беше во тој момент се што ми требаше.
Неговите години знаењето, мудроста и харизмата го направија вистински да се заљубам, открила таа своевремено за домашните медиуми.
Оваа убавица со години наназад се занимава со дизајнирање на накит, а денеес со семејството живее во вила во Мајами.
Делува дека дизајнирањето и оди од рака, а тоа говори фактот дека нејзиниот накит го носат светските личности како Меган Меркле, Кајли Џенгер, Ријана, Ники Мињаж, Алиша Кис, Миранда Кер и многу други.
Ивана во 2016 година објавила фотографии на која е бремена со своите близнаци. Таа била прекрасна трудница:
Ивана својот Инстаграм профил го користи најчесто за споделување на фотографии од нејзините модели, како што пишавме погоре таа соработува со многу светски имиња еве кои: