Шoкантни фотографии – еве како изгледа Бекута без шминка, ОБОЖАВАТЕЛИТЕ гледаат и не можат да поверуваат!
Таа веќе со години е на самиот врв на естрадното небо
Познатата српска фолк пејачка Ана Бекута речиси секогаш е средена од глава до пети, така што досега многу ретко сме ја виделе во несредено издание.
Бекута која во моментов е дел од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ со години важи за една од најпознатите пејачки во целиот регион, но досега малкумина ја имаат видено како изгледа во 100 % природно издание. Најверојатно затоа и фотографијата што деновиве се појави на социјалната мрежа Инстаграм, а на која пејачката е без грам шминка, привлече толку многу внимание во јавноста.
Всушност во прашање се две фотографии – на едната е таа без шминка, а на другата нашминкана и со средена фризура.
Бекута кога имала само 15 години
Инаку, пејачката неодамна се потсети на своите тинејџерски денови кога на Инстаграм објави фотографија од 1974 година.
Како што пишуваат медиумите, познатата пејачка често оди на третмани за лице и тело, со кои ја одржува својата линија.
Но тоа очигледно не и е доволно, па таа одвреме-навреме ќе направи и некоја естетска кopекција.
Пејачката наводно пред 15-на години направила oпepaција на носот, а ги коригирала и очните капаци и вбризгала бoтoкc.
Бекута без фотошоп
Пред неколку години познатиот фотографи Дејан Миличевиќ објави фотографија на која се гледа како таа изгледа пред и по користење на Фотошоп. Фотографот сакаше да покаже дека нема некоја голема разлика, и дека популарната пејачка и покрај годините, се уште е во добра форма.
Впрочем тоа можеме да го видиме и од нејзините фотографии што ги објавува на Инстаграм…