Исплови фотографија од атрактивната Хелена Роза стара 25 години – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледаше на врвот од својата кариера
Малкумина се сеќаваат на Хелена во вакво издание
Хелена Роза додека живееше во Македонија важеше за една од најпопуларните дами на јавната сцена.
Шармантната Хелена беше познато телевизиско лице и модел, а нејзините провокативни едиторијали направени пред дваесет и повеќе години се уште се вртат во етерот.
Како млада сакаше да експериментира со изгледот и важеше за девојка која пленеше каде и да се појавеше.
Впроем тоа можеме да го видиме и од фотографијата што Хелена ја сподели деновиве на Фејсбук.
Во прашање е фотка направена за весникот Екран на која Хелена позира во ултра кусо фустанче, качена на мотор, со руса коса во стилот на Мерилин Монро.
Денес малкумина би ја препознале на оваа фотографија, иако таа и на своите нови фотографии зрачи со истата онаа енергија како и во најдобрите времиња од сојата кариера.
Хелена во еден момент одлучи да се повлече од јавната сцена и заедно со својот сопруг Игор, кој е поранешен фудбалер, решија да заминат во Нов Зеланд. Со нив е и нејзината ќерка Кјара, а пред три години го добија и синот Тиан.
Таа денес е најсреќна кога слободното време го минува со своето семејство, а како што вели самата во едно нејзино интервју за порталот на новинарката Јорданка Ивановска Јоци, најмногу ужива кога готви и е пожртвувана мајка.
Погледнете како таа изгледала во младоста, но и како изгледа денес, во своите најубави години.