„Жената процветува кога го има вистинскиот маж покрај себе“
Познатата фолк-пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ со само една објава нарави хаос на социјалните мрежи така што сега многумина мислат дека во нејзиниот љубовен живот конечно се случува нешто многу интересно
Имено, популарната пејачка многу ретко зборува за својот љубовен живот, и информацијата дали има некој или не веќе долго време ја крие како змија нозете, па секоја ситница која укажува на некаква промена на ов0ј план интересна е како за медиумите така и за пошироката јавност.
Многумина се заинтересирани дали оваа прекрасна жена која од неодамна стана и баба, ќе го пронајде вистинскиот маж.
Таа сега самата, со само една објава направи хаос на Инстаграм Имено, нејзината реченица која многу зборува за тоа што една жена би можело да ја направи среќна, на многумина им даде причина да се запрашаат – дали пејачката конечно го пронајде вистинскиот маж во животот?
„Не процветува жената на одредени години. Жената процветува со одреден човек“, напиша таа.
Оваа објава на Цеца кај многумина разбуди сомнеж дека во нејзиниот живот се појавил некој вреден за внимание, а како што нејзината ќерка во една пригода изјави, таа е во цутот на младоста и Анастасија има голема желба нејзината мајка еден ден повт0рно да застане на лудиот камен.
Но дали конечно дојде време да заплови во нов емотивен однос, фолк ѕвездата неодамна за „Стори“ изјави:
„Кога и да чувствував нешто, не се случи. Секогаш кога се случувало, мислев дека тоа е тоа, вистинското е. Но времето покажа дека очигледно не е она вистинското, но нема врска. Подготвена сум за нови убави моменти, а ако потоа дојдат разочарувања, што да правиме. Тоа е животот“ изјави Цеца и додаде дека себеси се доживува како кревка жена на која и е потребна машка сила.
„Јас сум една кревка, незаштитена жена на која и е потребно машко раме, топла прегратка“ вели Цеца и додава:
„Маж кој ќе ме прегрне и ќе си каже – ‘јас сум тука да и дадам сигурност и да чувствува дека ќе ги реши сите проблеми’“.