ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Буцкастата Хуанита која ја освои Македонија, денес е ФАТАЛНА убавица!

Сите ја паметиме како буцкастата Хуанита!
Медисон Де Ла Гарсија се прослави како симпатична, буцкастата Хуанита во серијата „Очајни домаќинки“, а девет години од завршувањето на снимањата, таа повеќе не е девојчето какво го гледавме.
Потсетуваме, Медиусон во серијата од 2008 до 2012 година ја играше ќерката на Габриела Солис, за чиј лик беше Ева Лонгорија, а денес израсна во неверојатно шармантна млада дама.
Таа се уште се занимава со глума, а успеа да се проба и како сценарист, но приоритет и е образованието.
Медисон неодамна на Инстаграм се пофали со своето издание за матурскиот танц.
Серијата „Очајни домаќинки“ беше многу популарна во Македонија, но сигурно овие работи никогаш не сте ги знаеле.
Погледнете уште неколку убави фотографии од „малата“ Хуанита која ја освои македонската публика со нејзината појава:
Еве во продолжение неколку интересни факти за серијата:
– На почетокот, шоуто им било понудено на телевизиите како женска комедија, но сите ја одбиле. Откако сценариото било малку нашминкано, а шоуто претставено како вечерна сапуница, веднаш било продадено.
– Секоја епизода се снимала 8 дена, најчесто три се снимала на отворено, а пет во студио.
– Покрај името „Очајни Домаќинки“, во игра биле и уште две имиња „Тајните на Вистерија Лејн“ и „Тајните животи на домаќинките“.