CelebrityНовости

Ги покажа со прст жените кои ја оговараа во јавноста – две пејачки се осудија да коментираат туѓи постапки – изјавите се страшни!

Advertisement

Дијана Јанковиќ, позната како Диди Ј, гостуваше во една српска емисија.

Advertisement

Таа емисијата ја искористи и да им се обрати јавно на две познати пејачки за изјавите кои тие ги дале во јавноста за нејзиниот живот.

Прво започна со пејачката Наташа Беквалац.

Advertisement

-Не знам, не го следам нејзиниот живот и нејзината работа, но морам да кажам дека беше лошо кога кажа дека се омажив за дедо.

Со години молчев ништо не реков, многу ме навреди тоа, мојот сопруг од мене е стар 20 години и воопшто не личи на никаков дедо, тој е многуактивен, тренира кошарка, имаме бебе, рекла таа.

– Знам дека и таа беше во врска со доста постар маж. Тие беа дури и постари и од мене и од мојот сопруг. Разликата помеѓу нив бепе голема.

Јас сум шокирана што тоа го кажа. Кого му е гајле дали мојот маж е стар. На неа никогаш нема да и се обратам, ме навреди. Не ја познавам и никогаш не би сакала да ја запознаам, порачала Диди.

Покрај Беквалац, Диди ја поктачи и пејачката Гога Секулиќ која според Дијана, имала лоши коментари за една нејзина постапка.

– Кога беше онаа приказна дека сум го оставила своето бебе на месец дена, таа тогаш несоодветно искоментира.

Бев бесна што некој го коментира мојот живот. Своето бебе никогаш не го оставам, и никогаш нема да го поставам поради работа, го чуваат мојата мајка и дадилката.

Веројатно таа нешто слушнала од медиумите, па почна да зборува се и сешто. Страшно е што некој може да си земе за права да го каже тоа.

Како би се чуствувала таа јас да коментирам за нејзино дете. Лошо е да се мешате во нечиј живот. Бев згрозена, додала таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button