Естрадата во очajна состојба – половина од нив се швopц и немаат ни да си ги платат сметките!
Еве како модната индустрија приживува во ова време
Многу музичари одвај крпат крај со крај заради епидемијата
Познатата естрадна уметница Гога Секулиќ реши да не молчи више и застана рамо до рамо со своите колеги.
Таа вели дека познава многу музичари кои одвај врзуваат крај со крај заради лошата финансиска ситуација и откажаните настапи заради предложените мерки и новонастанатата ситуација со вирусот.
„Половина естрада нема пари сметките да ги плати, тоа секако дека нема никој да ви го каже, ќе ви го каже Гога Секулиќ. И сега повторно ќе ме напаѓаат. Но мора малку и да се шегуваме во овие денови. Мислите позитивно“, изјави популарната пејачка во емисијата „Премиера“.
Нов спот во време на корона
Инаку, пејачката пред само неколку дека го објави својот нов спот за песната „Проблем“
Секулиќ во спотот се појавува во провокативно издание го костим за капење со што ги воодушеви своите фанови. Пејачката собра голем број лајкови и комплименти на сметка на својот изглед, а и нејзината песна за само неколку дена брои повеќе од половна милиoн прегледи.
И без разлика што во изминативе осум месеци имаше само еден настап и тоа во Цирих, корона кризата очигледно не ја спречи популарната пејачка да работи на своите нови проекти. Таа немаше прилика да го промовира спотот по клубовите бидејќи на пејачите секојдневно им ги откажуваат гостувањата, но бидејќи медиумски константно е застапена, таа новиот спот реши да го престави преку бројни гостувања во телевизиите и музичките радио емисии.
Еве неколку кадри од нејзиното видео: