Баба Цеца ужива со внучето на плажата – прво летување на Жељко, најсимпатичното видео што пејачката го објавила досега!
Неверојатна баба
Пејачката Цеца заедно со својот внук Жељко Ражнатовиќ овие есенски денови ги поминува на море.
Малиот заедно со неговата мама пристигна во луксузната вила на познатата пејачка на Кипар и уживаат во сончевите денови.
Цеца веќе некое време беше на одмор, а од неодамна и се придружи и снаата Богдана и малиот Жељко.
Мајката и бабата решија да го однесат на првото бањање во море, а фотографиите и видеото што испловија на Инстаграм ги воодушевија сите.
И покрај тоа што сме на самиот крај од октомври, времето на Кипар е одлично, па сезоната за бањање се уште трае.
Богдана и Цеца решија на малиот да му ги покажат убавините на морето, па го внесоа во водата.
Бебенцето со своите ширум отворени очи го набљудуваше морското синило и уживаше додека со неговите ноџиња се шлапкаше во солената вода.
Неговата баба во еден момент го зеде во рацете и го движеше низ водата, а бебенцето се смееше и уживаше.
И додека бабата и снаата поминуваат прекрасно време покрај морето, таткото Вељко остана дома. Неговата сопруга Богдана овој замина на одмор без него, бидејќи тој тренира напорно за претстојниот бокс натпревар.