Реклама
Наши ѕвезди

Внуката на Амди Бајрам направи тест – еве го резултатот!

Реклама

Внуката на Амди Бајрам, Перјан Бајрам (20), е негативна на вирусот корона, покажа тестот што го направи.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Перјан ПЦР тестот го направи во приватната болница Аџибаден Систина на 26. октомври и кај неа не е пронајдена специфична секвенца за присуство на Корона Ков-2.

Внуката на поранешниот македонски политичар Амди Бајрам, кој пред само неколку дена го изгуби животот и кај кого постмортем беше утврдено дека има присуство на вирусот корона, резултатите од ПЦР тестот ги објави во рамките на своите Инстаграм приказни.

Маркетинг

Да потсетиме, поранешниот пратеник и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам на 25 октомври беше погребан на муслиманските гробишта во Бутел.

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Амди го изгуби животот на 64 годишна возраст, а како што соопшти Министерството за здравство Бајрам бил позитивен на Ковид19, но имал и други тешки заболувања. Тоа впрочем го потврди и министерот за здравство, Венко Филипче, кој соопшти дека поранешниот политичар имал комплексна здравствена состојба со многу хронични болести. Тој исто така го осуди големиот собир за време на погребот, но како што вели, тие не можеле да влијаат на тоа.

Маркетинг

-Без намера да ги навредам чувствата на семејството, но ние од почетокот осудуваме вакви настани. И овој, апсолутно. Тоа не треба да се случува, граѓаните треба да се свесни. Како што знаете изминатиов период за жал се случуваа и свадби и прослави, иако се забранети. Мора да знаете дека полицијата многу поревносно работи отколку кога беше техничката влада. Но, за некои настани едноставно не можеме да влијаеме. Кога Чулев беше, имаше настани кога можеше нешто да се направи, рече Филипче во интервјуто на телевизија Телма.

Фото: Јутјуб/ Еден на еден

Инаку, животот на Амди згасна само неколку дена откако ја направи свадбата на својата внука, Перјан. Тој ненадејно го изгуби животот, а како што објавија дел од македонските медиуми, неговиот живот згаснал на пат кон клиниката „Жан Митрев“ поради проблеми со срцето.

Фото: Принтскрин

По некое време, на Амди му беше направен постмортем тест за корона и беше утврдено присуство на вирусот.

Семејството повеќе од цела година се подготвувале за свадбата, но заради епидемијата со корона вирусот не можеле да ја направат. Но Амди како да претчуствувал, па решил да ја организира прославата…

Внуката на Амди Бајрам, Перјан, која е ќерка на неговиот син Габриел и го носи името на неговата сопруга, се сврши минатата година, во септември, кога беше направена раскошна веридба, а пред само една недела, направија и свадба. На свадбата беше и нејзиниот дедо, кој беше горд и весел за време на церемонијата, што може да се види и од фотографиите од свадбата на социјалните мрежи кои воедно ќе останат и последните спомени од него.

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Како што тогаш самиот изјави за Фокус, а што преставува една од неговите последни изјави, на свадбата што ја направија имало преку 300 гости од Македонија и околу 200 гости од Турција. На свадбата присуствувале и турски политичари од партијата на Ердоган, атмосферата била прекрасна, а целиот настан го организирале за многу кратко време, со помош на пријателите на Ердоган.

„Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан“, изјави Бајрам тогаш за „Фокус“.

Фото: Инстаграм/ Перјан Бајрам

Но за жал, Амди не можеше долго време да се радува на тоа што ја омажи својата дваесетгодишна внука. Само неколку дена по веселата и раскошна свадбата неговиот живот згасна, а неговите најблиски се простија од него.

Фото: Инстаграм/ Валентина Бајрам

Еве што напиша на социјалните мрежи неговата ќерка, Валентина Бајрам, по трагичните вести за нејзиниот татко.

„Да откорнеш гранка од едно дрво многу боли, да искинеш лист од гранката може повторно да расте. Да го снема дрвото, дури тогаш се чувствува празнина. Едноставно го нема, а толку често го имаше, секогаш беше тука, што просто да не ти се верува дека повеќе го нема“.

„Семејството Бајрам изгуби сопруг, татко, родител, дедо. Ромската нација го изгуби својот татко, изгуби борец, изгуби патриот!!!“

„Амди Бајрам им помогна на сите! Амди Бајрам беше другар со сите! Соработник, пријател, партнер и народен човек!!! Ги повикуваме сите кои го почитуваат ликот и делото на Амди Бајрам! Ги повикуваме сите на кои им помогна, роднини, пријатели, политичари, бизнисмени, организации и сите Роми и не-Роми, за последен пат да го испратиме до вечниот дом, затоа што заслужува, затоа што беше голем Ром и пред се голем човек! Телото на Амди Бајрам ќе биде погребано на градските гробишта во Бутел! Поворката ќе тргне од 14.00 часот од семејната куќа во општина Бутел“, напипа неговата ќерка Валентина Бајрам на Фејсбук.

Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Валентина Бајрам
Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button