Реклама
Вирално

Еве зошто верниците ја слават мајката и чудотворката Света Петка, заштитничката на жените, болните и сиромашните!

Реклама

Православните верници денес ја слават Света Петка

Македонската православна црква – охридска архиепископија и нејзините верници на 27 октомври го слават денот на Преподобна Параскева- Света петка, заштитничка на жените и светителка која им помагала на болните и сиромашните. Култот кон Света Петка се негува со векови во југоисточна Европа, а го почитуваат дури и некои нехристјански народи на исток.

Маркетинг

Верниците на овој ден и се обраќаат со молитва за помош и спас од болести и други животни неволји. Денот на нејзиното yпoкојување е одбележан со дебела црна буква и претставува не само голем христијански празник, туку и една од најчестите слави кај балканските православни народи, а многу верници ја сметаат за своја заштитничка (посебно жените, децата и старите).

Според народните верувања, на овој ден не треба да се работат тешки работи, а особено се нагласува тоа дека жените не треба да перат и да месат леб, зашто рацете ќе им трнат целата година. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Споменот на “Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил,или на 27-ми октомври по нов стил. Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки), поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

Маркетинг

Светата Преподобна Петка е родена кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.

Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што кај народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со св. Петка Епиватска позната и како Трновска, чиј спомен се одбележува на 27/14 октомври.

Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, бил ден за подготовки за празникот. Во претхристијанскиот период кај Евреите саботата бил празник, а не неделата. Оттука, Параскева значи подготовка.

Според преданието, Света Петка многу години поминала во пустина, во пост, молитва и осаменички живот. Преданието вели дека во сон и се јавил ангел и ја испратил во својата земја да ја шири верата во Христос. Затоа Света Петка на иконите се преставува во монашка облека, со крст во раката.

На нејзиниот гpoб се случуваат чуда. Бугарскиот цар Јован Асен во 1238 година по едни ги преземал, по други едноставно пренел мoштите на светата Параскева во својата престолнина во Трново. Кога Турција ја освоила Бугарија, мoштите се преземени, по заповеста на султанот Бајазит, во молдавискиот град Јаш. Потоа кнегињата Милица успеала во 1936 година да ги измоли моштите на светителката и да ги однесе во црквата Ружица на Калимегдан.

Кога во 1521 г. султанот Сулејман II го зазел Белград, ги запленил и светите мошти на света Параскева и ги поставил во своите дворци. Таму почнале да се случуваат чудеса, па затоа освен христијаните, светицата почнале да ја слават и муслиманите. Тоа ги загрижило муслиманите, и тие плашејќи се верата во чудотворната сила од светите мошти на света Параскева да не се прошири уште повеќе меѓу муслиманите, а и заради молбите и застапништвата на христијаните, ги предале овие свети мошти на константинополските христијани, кои чесно ги положиле во Патријаршиската црква.

Според преданието, во 1641 г., војводата Василиј Лупул, војводата на Молдавија, добил вест дека светите мошти на преподобна Параскева се наоѓаат во Патријаршиската црква. Тој од сето срце посакал тие чесно да бидат пренесени во неговата држава. Оваа негова желба, Господ кој се слави во неговите свети, ја помогнал и посакувајќи и во Молдавија да ја прослави својата светителка, Тој го вдахнал цариградскиот патријарх Партениј да го исполни барањето на молдавскиот господар. Тогаш патријархот, со согласност на целиот свештен собор и со дозвола на другите пресвети патријарси, ги испратил чесните мошти на мајка Параскева на благочестивиот господар, војводата Василиј, во неговиот престолен град Јаш. Во 1641 г., на 14 октомври, (односно 27 октомври), со голема свеченост и огромна радост на жителите на цела Молдавија, нераспаднатите мошти на света Параскева биле положени во Соборната црква на градот Јаш (град во Романија) „Св. Три Ерарси”, каде што се наоѓаат и денес.

Нејзините мошти низ вековите биле пренесувани: во Цариград, во Велико Трново (Бугариjа), па пак во Цариград, па во Белград.

Во Белград постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што ѝ притекнуваат со вера кон светителката. Во Скопје, во населбата Црниче, постои црква посветена на оваа светица.

Празникот посветен на св. Петка се слави на 27 октомври. На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“. Еден од обичаите кои се практикуваат на празникто на св. Петка е „петолебие“, кога луѓето носат пет лепчиња во црквата, во спомен на настанот од Библијата, кога Исус Христос со пет леба нахранил 5.000 луѓе. Притоа, петте лепчиња се осветуваат, при што едно му се дава на верникот, а четири остануваат во црквата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button