Еве зошто фолк-пејачките Зорица Брунцлик и Ханка Палдум НЕ ЗБОРУВААТ цели 30 години – не сакаат ни очи да си видат!
Зорица Брунцлик и Ханка Палдум се познати пејачки на фолк музика и можат да се пофалат со своите пејачки кариери.
Но тие наместо да се поддржуваат меѓусебно наводно веќе цели три децении не зборуваат и не сакаат да го остават минатото зад себе.
Причината за тоа е што Ханка Палдум прва ја снимаше песната „Авлије, авлије“, која што прв пат пред публиката ја претстави во 1987 година на еден фестивал во поранешна Југославија, а песната стана хит дури откако ја препеа Зорица Брунцлик, која што ја објави на албумот издаден во 1990 година.
„Ханка не можеше да верува дека токму таа песна стана популарна и ја прослави Зорица, а кај неа не помина. Притоа никој и не памти дека босанската пејачка прва ја испеала таа песна. Проблемот меѓу нив настана бидејќи Зорица никогаш не споменала дека Ханка прва ја испеала таа песна, а босанската пејачка тоа многу ја погодило.“
„Почнала да ја игнорира и од тогаш не зборуваат и избегнуваат заедничко гостување во емисиите“, изјави за Курир пред неколку години извор што ги познава и двете пејачките, а Ханка не сакаше да открие ништо на проблемот што го има со нејзината колешка Зорица.
„Мене ми е чест што на некој од интерпретаторите му се допаѓаат моите песни и кога тие ќе ги претстават на публиката“, изјави пејачката.
За разлика од неа, сопругот на Брунцлик го изјави следново:
„Ханка таа песна ја испеа само на фестивал, но песната стана хит дури откако ја испеа Зорица. Авторот на песната лично ми даде дозвола за неа. Е сега. Друго е тоа дали некој е љубоморен што кај некој друг изведувач истата песна поминала многу подобро“, изјави хармоникашот Мирољуб Аранџеловиќ Кемиш во името на својата сопруга, Зорица Брунцлик.
Кралицата на севдалинките зад себе има два пропаднати брака
Ханка важи за кралица на севдалинките и е една од најпознатите пејачки на Балканот.Но за разлика од музичката кариера во љубовта немала многу среќа. Таа има две деца ќерката Минела и синот Мирзад, од бракот со Мурадиф Бркиќ, за кој вели дека и поставил ултиматум – музика или брак.
„Тој ме праша дали е барем малку пред музиката, а јас му кажав дека не е. Секогаш сум имала свој став, не сакав да лажам. Верна сум и сакам да почитувам. И се додека му се дивам на некој маж, можам да бидам со него.“
„Кога ќе престане тоа, ќе се повлечам и ќе го оставам. Всушност ни еден маж ме нема оставено“, изјави пред неколку години Ханка за магазинот „Стори“.
Таа откако се разведе од Мурадиф, се омажи за Фауд Хамзиќ.
Вториот брак на Ханка траеше седум години, па во еден момент ќе сфати дека и овој сопруг не е за неа.
„Мажот треба да биде пред мене, а не покрај мене или зад мене. Тој мора да ме заштити, а јас во секој момент треба да чувствувам дека ми го чува грбот“ изјави пејачката во една пригода за нејзиниот втор брак.