Шармантната турска актерка што и го растури бракот на султанката ги шокираше сите – ја фатија на дело со уште еден колега!
Голем скандал се случи за време на снимањето на серијата
Познатата турска убавица, Ханде Ергел, која стана позната со серијата „Црн бисер“ и „Чукај на мојата врата“, својата кариера ја започна како манекенка и фото-модел, а потоа реши да заплови во актерските води.
Покрај импресивната актерска кариера, оваа 26 годишна убавица со неодолива насмевка го привлекува вниманието и со својот бурен приватен живот. Пред три години медиумите пишуваа дека на својата 33-годишна колешка Мерве Болугур, која што ја познаваме како султаната Нурбану од „Сулејман величествениот“, и го презема мажот, Мурат Далкулич.
Ханде наводно ја искористила нивната брачна криза, а постојат претпоставки и дека 37 годишниот Мурат од сопругата се развел токму заради неа.
Парот минатото лето ги објави своите први заеднички фотографии на социјалните мрежи, а потоа Ханде, наводно, во еден момент реши да го остави и да сврти нова страна во љубовниот животот.
Како што пишуваат турските медиуми, оваа актерка е виновна за уште една љубовна траума. Имено, на сетот на серијата која до неодамна се снимаше „Sen Çal Kapimi“, шармантната актерка го завела 33 годишниот колега Керем Бурсин, кој наводно до снимањето на серијата бил во среќна врска.
Турските медиуми тогаш пишуваа дека тие двајцата во една пригода не можеле да и се спротивстават на страста што се појавила на снимањето на заедничките сцени, па на паузата на серијата, мислејќи дека никој не ги гледа, воделе љубов во просториите за шминкање.
„Можевме да слушнеме чудни звуци, ни на крај на памет не ни беше дека решиле да одат до крај. Во близина имаме повеќе од 30 луѓе од екипата, а тие воопшто не беа загрижени. На сите им беше јасно дека се забавуваат и дека се гледаат во сопствените четири ѕида, но никој не помисли дека ќе го направат тоа и за време на паузата на снимањето“.
„Веројатно им е напнато и адреналинот го направи своето“, изјави една шминкерница што работела во серијата.
Ханде е родена на 24 ноември 1993 година во Турција.
Завршила ликовна академија, а со актерство започнала да се занимава во 2013 година.
Таа денес со своите 15 милиони следбеници важи за една од најпопуларните жени во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблем, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно нема такви проблеми.
„Се обидувам да бидам привлечна и наивна во исто време бидејќи мислам дека тоа е рецептот за совршена жена. Секако, тоа мора да се дозира на совршен начин и да се употреби во вистинскиот момент. Привлечна сум кога сакам да заведам некој маж што ми се допаѓа. Тоа секако дека не значи дека морате да се разголите. Постојат многу начини да бидете сексапилни. Па и интелигенцијата е секси, нели“, изјави своевремено оваа убава актерка.
Актерката никогаш не се огласи што се случило на сетот пред разводот на Мерве и Мурат, но откако се разделија се шушкаше во турските таблоиди дека актерката на крај го оставила пејачот со скршено срце.
Како што може да се дознае, таа е висока 175 сантиметри и моментално е слободна, откако беше во врска и со своите колеги Бурак Сердар Санал и Екин Мерт Дајмаз.
Сака да чита и патува, најдобра пријателка е нејзината сестра Гамзе, а амбасадорка е на брендот L’Oreal Paris за Турција. Има голема желба да работи со големите холивудски ѕвезди Рајан Гослинг и Леонардо Дикаприо.