И покрај големата швајцарска плата од 10.000 франци, Маре се врати во Македонија: „Мислат дека сум луда, но дома си е дома!“
И додека многу наши сограѓани сонуваат да заминат во странство, верувале или не, постојат и такви меѓу нас кои за ништо на овој свет не би се отселиле од дома.
Една од нив е и нашата соговорничка која не сакаше да го открие својот идентитет, но која по десетина години поминати во странство и работа во престижни компании реши да се врати дома, да биде своја на своето. Имено, таа е една од ретките наши граѓани и граѓанки која и покрај високата плата и успешна кариера и тоа во една од најбогатите земји на светот реши да се врати во градот во кој го поминала детството и во кој се уште има пријателки.
„Многу мои пријателки заминаа исто така. Оние пак, што останаа, можеби немаат успешна кариера, но според мене тие се многу побогати од нас што одлучивме да ги напуштиме родните огништа. Тие останаа со своите најблиски, а не постојат пари на овој свет што можат да ви купат моменти со кои би го замениле времето што ќе го поминете со вашите најблиски и пријателите“.
„Постои едно истражување кое беше спроведено над луѓе кои се на cмpтнa пocтела, на самиот крај од својот живот. Кога ги прашале за што најмногу жалат во животот и што е она што би го направиле кога би можеле да вратат времето, речиси сите го изговориле истото. И тоа нема никаква врска со парите, ниту пак со кариерата“, ни вели оваа девојка, која во продолжение на текстот ќе ја викаме Марија, и додава:
„Тие најмногу жалеле што не поминале повеќе време со семејството и пријателите и кога би можеле да го вратат времето назад, тоа е она што би сакале да го променат. Никој не кажал дека жали што не заработил повеќе или што не бил поуспешен во животот“, вели Марија.
„Значи според мене, нема нешто повредно од тоа да живеете на она место каде што сте родени. Да, животот тука е многу потежок за разлика на пример од оној што го имав во Швајцарија, каде работев како професионалец и имав сосема солидна плата, и тоа не само за наши, туку и за тамошни услови. Но животот истовремено тука е и многу поромантичен, а до тоа ќе дојдете само ако не гледате низ призмата на парите. Мислам, воопшто не се каам што како млада решив да заминам, бидејќи да не го направев тоа, сега можеби ќе бев некоја друга личност, разочарана што не сум успеала да заминам. Но верувајте ми, ако тогаш го потпишав договорот со две раце и бев нестрплива да заминам и да го видам тој толку посакуван запад, денес за ништо на светот НЕ би го направила тоа повторно. Мислам во ред е да вложувате во себеси, но дајте тука да ги засукаме ракавите и да го направиме животот да ни биде поудобар. Постојат еден милион работи за кои не требаат пари, а со кои ќе ни биде многу поубаво“, вели таа.
Што се однесува до работата во Швајцарија, Марија вели дека таму професионализмот е на многу повисоко ниво.
„Организацијата е феноменална, секој знае точно што треба да направи, а речиси на истото ниво како приватниот е и државниот сектор“.
„Таму пости систем. Има ред и тој се почитува. Тоа е она што нам најмногу ни фали. Кај нас се уште никој не решил да го направи таквиот државен ‘софтвер’, односно систем според кој би требало да функционираат работите. Тоа е нешто што мораме што побрзо да го промениме кај нас, да го позајмиме од развиените европски земји и да го примениме кај нас. И се додека тоа не го направиме, нема напредок. Ќе тапкаме во место, како и досега“, вели таа.
„Еве како пример земете некоја наједноставна работа како што е на пример паркирањето и ќе видите дека за да го организирате сето тоа, не ви требаат пари, туку само добра организација. И да се почитува редот и тука не смее да постојат исклучоци, бидејќи државата е нешто за кое треба да се грижиме сите. Оној што не се однесува одговорно, треба да сноси последици. Во Швајцарија не можете да најдете автомобил кој не е прописно паркиран. Но местата каде тоа е дозволено, се означени, а за тоа ви треба само четка и кофа со боја, нели?“ се прашува Марија и продолжува.
„Оној што ќе се движи по патеката за велосипедисти, ќе биде казнет. И на никој нема да му прогледаат низ прсти“ вели таа.
„Има милион такви примери со кои животот на сите ќе ни биде поедноставен, но и многу поубав, нели? И кога ќе размислам малку подобро, можеби токму тој ред е нешто што најмногу ми недостасува од животот таму. Но таму за разлика од тука, цело време сте опкружени со луѓе. а ќе чувствувате неподнослива осаменост. Посебно оние што ги оставиле семејствата дома и тоа е нешто кое по некое време поминато таму ќе почне cтpaшно многу да ви фали. И за тоа нема лек“.
„Нашиот менталитет е многу поразличен од нивниот. Тука растеме во средина и на начин за кој можам да кажам дека е потполно спротивен од нивниот. Таму не постојат пријателства какви што имаме тука, она секојдневно дружење и гледање со најблиските. Или е многу ретко. Имате пари, но понекогаш се чувствувате како да немате со кого да ги потрошите. И тоа ве бoли. Тие живеат многу поосамен живот од нас, некако се многу постудени, не постои некоја срдечност“.
„За комшиите и за тоа што секоја од нас има некој во маало со кого во секое време може да подискутира на секоја тема воопшто и да не зборуваме. Такво нешто таму едноставно не постои. Мислам тие се многу културни, ќе ве поздрават на улица и без да се познавате и толку. Не постои одење на кафе со пријателките, а многу е различен е и односот и со колегите на работа. На пример во една ситуација ми се има случено да сакав да му помогнам во работата на еден колега, на што тој се налути. Беше убеден дека јас мислам дека не е способен да си ги заврши своите обврски. Или можеби се плашеше да не го кажам на шефот. Значи ја нема онаа топлина и оној однос меѓу луѓето како кај нас, па на нашинците навистина им е тешко да се вклопат таму. И бидете сигурни дека не ми е само на мене така, тоа едноставно го кажуваат сите. Имено, кога со неколку збора би требало да го опишам нашиот народ, ние сме топли и срдечни, а Швајцарците – студени и дистанцирани“.
„Но од друга страна тие се крајно дисциплинирани и точни кога е во прашање работата, а ние – хаотични! И тоа важи како за работниците, така и за газдите. Таму ако работите за викенд, газдата не само што ќе ви го плати тоа, туку можеби и ќе ве однесе на ручек, заедно со сите што работеле повеќе. Од друга страна и работниците мораат да си ја завршат својата работа, и за тоа се платени. Кај нас се е некако многу пораштимано. И затоа во бизнисот звучиме како расипан клавир во споредба со бизнисот таму, но не е се во парите, нели?“
Разговорот со оваа девојка навистина не замисли. И знаете што? Мислиме дека е во право! Навистина се однесуваме премногу романтичарски, и тоа посебно кон нашите политичари и не бараме некоја посебна одговорност од нив. А можеби затоа никако да тргнеме да се движиме во вистинската насока, бидејќи сепак тие се најодговорни што таму некаде е рајот, а кај нас пeкoлoт. Или барем така многумина се чувствуваат, па кога некој како оваа девојка ќе ни каже дека тука може на сите да ни биде убаво, ќе ја гледаме чудно. Но зарем не е крајно време да го промениме тоа?