Семејството Бекам престојуваше на една фарма, Викторија на својот Инстаграм профил сподели фотографии од својот сопруг Дејвид и ќерката Харпер.
Таткото и ќерката позираат со есенско венче, а на една од фотографиите Дејвид ја бакнува во уста својата 9-годишна ќерка.
Најдобар татко, напиша под објавата, а фановите почнаа со своите коментари.
– Најдобро семејство, толку се слатки, преубави фотографии, ова се дел од коментарите, но имаше и такви кои го критикуваа односот на Дејвид кон неговата ќерка.
– Го сакам твоето семејство, но никогаш не можам да ги разберам родителите кои ги бакнуваат децата во уста. Немојте да ги банувате децата во уста, зошто ја бакнуваш во уста? Те молам, престани така да ја бакнуваш, ова се дел од критиките на фановите кон славниот Дејвид Бекам.
Ова не е прв пат Дејвид да биде критикуван од страна на фановите, тој беше критикуван и во медиумите, па во една прилика тој објасни зашто така се однесува кон ќерката.
-Јас сум многу близок со моите деца и ги бакнувам сите во уста, освен најстариот син Бруклин. Тој има 18 години, па тоа би било многу чудно“.
„Јас сум многу приврзан со децата, и јас и Викторија сме така воспитани и такви сме со нашите деца. Ние сакаме да им покажеме љубов на нашите деца и да ги заштитиме, да се грижиме за нив, да ги поддржуваме и многу сме приврзани кон нив, изјавил Бекам