Овој маж сака да се облекува како жена – тој е во брак веќе 11 години, а со комбинациите што ги носи ќе ве остави без зборови!
Марк Брајан е Американец, но моментално живее во Германија и е инженер по роботика.
Тој речиси секогаш на работа оди со здолниште и високи потпетици, а така е облечен и по дома.
Речиси секогаш се облекувам како што сакам. Само да бидам поинаков од останатите. Отсекогаш сум им завидувал на жените што носат здолниште и високи потпетици. Не сексyaлно, туку заради моќта што ја претставуваат. Не се облекувам заводливо, туку како и секоја професионална жена. За мене облеката нема пол. Повеќе сакам здолништа отколку фустани. Но над струкот повеќе го сакам машкиот изглед“ истакна тој, а пренесе „Боредпанда“.
Инаку Марк е во среќен брак 11 години и има целосна поддршка од својата сопруга и семејството.
Мојата сопруга често ми дава предлози што би требал да облечам. Мојата ќерка понекогаш сака да ми ги позајми чевлите.
Погледнете ги неговите модни комбинации:
Извор: БоредПанда