Правдата се уште ја бара.
Емел Рамковска за прв пат во јавноста проговори за животот во затвоpoт.
Таа за магазинот „Клик Плус“ на ТВ21 откри како изгледало мајчинството од затвоpoт.
Морала да го лаже сопственото дете.
-Ништо што можеш да кажеш на едно дете, не трае 2,5 години. Првото беше пасош изгубен, па потоа на пат сум, но таа приказна не можеш да ја одржуваш толку години, рече Рамковска.
Исто така Рамковска вели дека ја чека правдата, таа ќе бара повторно да и се суди, како што вели за мене ова не е минато свршено време.
Рамковска беше осудена на за творска казна од 6 години во случајот „Пајажина“. По апсењето на Рамковски, членови од семејството и вработени во фирмите, беа затворени, исто така клуч се стави и на А1 телевизија и трите дневни весници, Шпиц, Време и Коха, како и неделникот 1Е.
Во судскиот процес „Пајажина” беа обвинети 23 управители и основачи на фирми со адреси на улицата „Перо Наков” за затајување на данок, перење на пари, злос торничко здружување и измама на доверители.
Рамковски доби највисока затвоpрска казна од 13 години, а другите обвинети беа осудени на зат ворски казни во траење од две до седум години.
Емел важеше за најуспешните млади бизнисменки во Македонија.