Таа замина во ВЕЧНОСТА, но БАКНЕЖОТ остана – многу девојки се вљубуваа на овој хит, така и ден денес!

Безвременскиот хит Еден бакнеж, многу спомени буди за сите нас.
Почина во Филаделфија, САД, на 82-годишна возраст. Спирова, со својот кадифен алт и со емотивната интерпретација беше дискретната ѕвезда на македонската и на екс-југословенската сцена, чии мелодии станаа евергрини, популарни, пеени и сакани до денес.
Родена е 1938 година во Прилеп и пеела од својата 16-та година. Прилеп го напуштила за да се запише на Средното музичко училиште во Скопје, а потоа и на Музичката академија. Во 1962 се преселила во Белград, па во Загреб, а потоа во еден период живеела во Германија пред да замине за Филаделфија.
Во 1960-ите освои неколку први награди на југословенските музички фестивали, а нејзината најпозната песна е „Еден бакнеж“ на композиторот Петар Пешев, со која 1962 година победи на фестивалот во Опатија.
Се повлече од сцената кон средината на 1980-ите години. Но, дотогаш веќе имаше снимено над 80 композиции само за музичката продукција на МРТВ.
Соработувала со најпознатите македонски автори, композитори и музички аранжери, меѓу кои и со Драган Ѓаконовски – Шпато, Љубомир Бранѓолица, Димитар Масевски и многу други.
Но како најголем печат останува зад неа хитот „Еден бакнеж“.
Оваа песна стана една од најпрепејуваните македонски евергрини.
Да се потсетиме како изгледаше нејзиниот настап на Еден бакнеж…
https://www.youtube.com/watch?v=ooIrm4yXzZ0