Реклама
Вирално

Пристигнува првиот снег во Македонија и драстична промена во времето – температурата во целата земја нагло ќе падне, па следува пресврт!

Реклама

Еве какво ќе биде времето во Македонија во следните неколку дена и кога да очекуваме нагла промена.

Според зборовите на метеоролозите од регионот, во текот на следната недела се очекува посилно наоблачување, пад на температурите, обилни врнеж преку ноќ, а во вторник дури и снег на одредени делови од Западен Балкан.

Маркетинг

Ваквиот пад на температурите важи и за поголемиот дел од нашата земја, посебно на повисоките места.

„Во вторникот ќе биде многу студено, облачно, силен дожд, обилни врнежи и заради силното заладување дождот на сите ридско-планински предели ќе премине во виулица и снег. Тоа се предели кои се наоѓаат над 600, 700 метри надморска височина“ вели овој познат српски метеоролог Ѓорѓе Ѓуриќ и додава дека ќе се забелеат местата во планинските предели како што се на пример Златибор и Копаоник, но голема е веројатноста тоа да се случи и на пониските висини.

Маркетинг
Временска прогниза за Шар Планина (Фото: Freemeteo)

Како што наведува, ваквото претежно облачно време се очекува да дојде од запад и позначителни количини на снег се очекуваат во западниот регион – во планините и на повисоките места на територијата на Босна и Херцеговина каде ќе може да има и преку 30 сантиметри снег, а значајна висина на снегот може да се очекува и на Копаоник.

Но оваа промена ќе биде краткотрајна, бидејќи веќе следниот ден односно од среда, се очекува пораст на температурата.

Овие промени ќе ја опфатат и Македонија, па така што се однесува до времето на повисоките предели, на пример на Шар Планина во понеделникот се очекува пороен дожд со повремено сончево, ведро време, додека во вторникот краткотраен снег со периодично сончево време и мраз преку ноќта. Во овој дел од републиката се очекува облачно со можност за краткотраен снег и мраз и во средата, додека од четвртокот се очекува благ пораст на температурата како и во останатиот дел од Македонија.

Временска прогноза за Кораб (Фото: Mountain-forecast)

Според познатиот светски сервис за временска прогноза, „Accu Weather“ следниот понеделник и вторник во Македонија ќе биде претежно облачно со врнежи на дожд кои на одредени места ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Температурата во вторникот средата значително ќе падне, но веќе од средата, кога се очекува сончево време, ќе почне и благ порастот на температурата, така што до крајот на месецот ќе се движи околу 18 до 20 степени.

Временска прогноза за Скопје (Фото: Accu Weather)

Температурите ќе бидат приближно како и денешните, околу 18, 19 степени Целзиусови, односно претежно ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер, претежно од западен правец. Ваквата промена може негативно да влијае на здравјето и расположението, посебно за метеопатите, предупредуваат метеоролозите.

Прогноа за сабота (Фото: UHMR)

Исто така според прогнозите температурата нема подеднакво да падне во сите делови на земјите од Балканот, така што и кај нас се очекува голем распон на западот и истокот од земјата, поради што е голема веројатноста, планинските краеви во источниот дел воопшто да не се забелеат.

Прогноа за недела (Фото: UHMR)

Што се однесува до времето утре, според Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека веќе од понеделник – претпладне сончево со умерена облачност.

Во попладневните часови и кон крајот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Во понеделник се очекува да имаме сончево претпладне со умерена облачност. Врнежите од дожд ќе започнат во попладневните часови и кон крајот на денот, а ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Променливо облачно со врнежи од дожд следува и во вторникот, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Во среда според сервисот на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија, можеме да очекуваме променливо облачно со врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец, а максималната температура ќе биде од 17 до 24 степени. Веќе од следниот ден, се очекува повторно пораст на температурите во сите делови од земјава.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button