Јордан Митев со спротивен став од колегите – Без проблем ќе работам нешто друго, јас сум од земјоделска фамилија… Ќе се снајдам

Пејачите излегоа на протест.

На Илинденска, поточно пред Владата протестираа музичките уметници поради забраната на музиката во кафулината, кафеаните и рестораните. Пејачите во голем број го искажаа револтот кон Владата за новите рестрикитвни мерки.
Некои бурно реагираат, а некои и се помирени со оваа фактичка состојба.
Како што самиот пејач Јордан Митов за Фокус вели, додека не се тргнат забраните без проблм ќе работи нешто друго.
-Се изнакажаа многу нешта на темава… Ако нешто треба да ни биде како утеха, тоа е што оваа ситуација не е само кај нас, туку е иста за милиони луѓе ширум светот.
Многу фамилии, индустрии, паднаа на колена, многу ќе банкротираат, многу луѓе веќе се останати без работа. Тоа е една реалност која мора да ја прифатиме.
Не би сакал да влегувам во детали во поглед на мојата професија, бидејќи најчесто моите ставови им сметаат на одредени исфрустрирани ликови – вели Митев за Фокус
-Сметам дека додека ова заврши, треба да истраеме. Иако летово се обидоа со организирање на некои настани со познати балкански ѕвезди, сепак тие кои сме подобро информирани, знаеме дека тие нивни настапи поминаа на сила, со некоја симболична посетеност.
Што значи тоа? Тоа значи дека народот е исплашен и моментално нема расположение за не знам какви ли не журки и забави. Расположението на одредена мала група на луѓе не може да се земе како општо расположение – појаснува музичарот за Фокус.мк
Голем дел на естрадни уметници добија владина помош во износ од 14.500 денари, за два месеци. Сепак, помеѓу естрадните редови е очигледно незадоволството од начинот на кој овие средства биле распределени.
Актуелни се обвинувања од страна на многу музичари, кои тврдат дека некои од нив, кои се најзагрозени, бидејќи настапувале само на свадби, не добиле ниту денар и се на работ на егзистениција.