Тргнаа на пат околу светот со 150.000 фунти, па дојдоа на Балканот и се воодушевија – млад брачен пар што го живее својот сон!
На Балканот им се допаѓа најмногу
Клои и Џеј се млад брачен пар од Велика Британија за кои деновиве пишува целиот свет. Тие решиле да продадат се што имаат и со своите 150.000 фунти сакаа да го заобиколат светот, но тогаш се појави пандемијата и ги спречи во тоа.
Учителката Клои (27) и нејзиниот сопруг, информатичарот Џеј Хамонд (28) од Есекс во Велика Британија прво во февруари оваа година дале отказ на своите постојани и сигурни работни места, а потоа продале сé што поседуваат и го испишале нивниот син Оливер (8) од училиштето, за да на крај со собраните 150.000 фунти да тргнат во авантура и да го остварат својот животот сон – пат околу светот.
„Бевме многу млади кога добивме дете и логичен чекор по родителството беше да започнеме со штедење за да обезбедиме стабилен дом. Но, откако во пролетта 2019 земавме одмор за да ја истражиме и запознаеме Иточна Азија, потполно не маѓепса ‘патничката треска’ – и одлучивме дека сакаме постојано да патуваме, заради што нашата желба да купиме сопствена куќа останува за некое друго време“, велат овие сопружници, пишува хрватскиот „Јутарњи“.
Парот во следната година дена размислувал како да го оствари својот животен сон. На шест месеци се преселиле кај родителите на Клои за да можат да заштедат повеќе пари така што нема да плаќаат кирија. Продале се што имаат освен неколку сентиментални предмети, а на Џери, како што откриваат, најтешко му било што требал засекогаш да се збогува од омилениот компјутер и играчките.
Тие најпрво сакале да се вратат во Азија но плановите им ги растури вирусот корона и епидемијата предизвикана од него. По неколку фрустирачки месеци кои морале да ги поминат заради „локдаунот“ во Велика Британија, па речиси и во целиот свет, тие одлучија да отпатуваат барем низ Европа.
Во јуни тргнале во Италија, а потоа во Хрватска – и во оваа поранешна југословенска земја се задржале дури шест недели. Тие ги посетиле Дубровник, Задар, Националниот парк Крка, а следна дестинација им е Грција и островите каде планираат да останат најмалку шест недели.