Една од најубавите пејачки на Балканот го покажа згoдниoт сопруг, но и ТРУДНИЧКИOТ стомак – ќе стане мама во петтата деценија

Маја Шупут на Инстаграм објави дека е во блажена состојба

Познатата пејачка од Хрватска веста ја објави на Инстаграм со романтична фотографија на која е заедно со својот сопруг.
„Изненадување! Драги мои, од сите објави и најави, имам многу поголема вест од сите досегашни. Ова е за нас најубавата, најчудесната и толку магична така што не можам да ви ги опишам чувствата. Имено, во нашето мало, но преполно со љубов семејство, доаѓа принова како најголем дар и како нешто што од секогаш беше посакувано и само уште тоа недостасуваше во нашиот универзум“, напиша Маја под фотографијата што ја објави на Инстаграм.
„Не е доволно ако кажам само дека и двајцата сме на седмото небо и дека зборот возбудување достигна нова димензија. Конечно дојде моментот да ви ја откриеме слатката тајна и бебето да го има првиот фото спомен од растењето во стомакот на мама. Денес прославуваме 15 недели со надеж дека следните 25 ќе поминат вака убаво и сигурно за нас, Wish us luck”, додаде таа во описот на галеријата со следните фотографии.

Инаку, Маја е во брак со Ненад Татаринов со кого застана на лудиот камен во 2019 година во Истра.

„Да беше по негово, ќе се венчавме четири дена откако се запознавме, но немав слободна сабота во следните година и пол дена. Тој без да знам резервираше ресторан и ја повика мојата менаџерка и резервираше викенд. Потоа на свадбата го отворивме календарот и баравме слободен термин за меден месец“, изјави Маја порано за хрватскиот портал „Индекс“, кога меѓудругото зборуваше и за родителство.

„Многу би сакале да станеме родители. Немој да не погледне од горе бидејќи тоа што јас и тој се гледаме очигледно не пали“, призна таа и додаде: „Кога тоа ќе се случи едно месец дена ќе ја стопираме кариерата, можам да пеам и со стомак, можам да седам, онака дамски да пеам џез“, изјави во шега.

Инаку, Маја е мошне популарна на социјалните мрежи па така само на својот профил на Инстаграм име преку 450.000 фанови. Таа редовно објавува фотографии на својот профил, а не ретко знае да ги израдува и со по некоја екстравагантна или пpoвoкативна фотографија.

Но од нејзините последни фотографии никој не можеше ни да претпостави дека е во блажена состојба.

Таа иако овој септември наполни 41 години, на фотографиите, но и во живо изгледа како да има барем една деценија помалку. Покрај музиката, на убавата русокоса голема страст и е и модата, па неретко ќе се пофали и со по некоја гламурозна и несекојдневна комбинација.

Некои oд нив погледнете во продолжение…






