Познатата актерка апелира до Владата: Пуштете не нас, луѓето, да дишиме и да живееме. Ако треба да уMрaM, јас ќе уMрaM!

Позната актерка го кажа својот став за вирусот.
Светлана Цеца Бојковиќ била гостинка во една емисија во Србија, кога водителката ја запраша како се снаоѓа во време на пандемија со корона вирусот, таа прво се насмеа, па одговори.
– Се снаоѓаме како што мораме. Прво, веднаш да ви кажам, тој израз „нова нормалност“ тоа е еден од десети изрази кои во оваа ситуација последниве 6 месеци многу ме иритира. Ма, ве молам вас, што е тоа?- рекла актерката.
– Дали сте забележале дека сум била иронична (се смее), ја запршала водителката.
– Ма, нормално, вие сте иронични, но оние кои нас ни го рекламраат не се ни малку иронични. Нормалност е нормалност, нема ново или старо. Друго, велат „социјална дистанца“. Што е социјална дистанца?
Постои физичка дистанца. Социјална дистанца е сосема нешто друго. Така идат некој фрази од никаде и одма се повторуваат. Денес, ова, утре тоа. Тоа е постојана закана дека ќе бидеме повторно изложени на ригорозни мерки,рекла актерката.
– Пуштете не нас, луѓето, да дишиме! да дишиме и да живееме, па како ќе биде нека биде! Па, јас ако треба да умр ам, јас ќе у мрам.
Таа вели дека не била изненадена од односот на државата кон културата и уметниците во оваа криза предизвикана од пандемијата на коронавирус.
– Културата со години е последна дупка на свирчето- актерката потенцира и додава:
– Народот е незадоволен од многу работи и само короната недостасуваше. Последиците, особено за економијата, ќе ги видиме. Сега ветуваат дека сè ќе биде прекрасно и одлично, затоа што се во предизборна кампања: „Па, еве по 100 евра“, „Еве 4000“, „Се грижиме за вас“. Реалната состојба ќе се покаже само кога ќе помине епидемијата и кога ќе станеме свесни за тоа каде сме и што сме. Многу поголеми економии, исто така, не успеваат, па затоа нема ни ние. Ајде, ве молам. Не можам однапред да кажам што ќе се случи, а дека ќе биде добро, нема да биде – предупредува реномираната актерка.
Таа ја помина вонредна состојба во целосна изолација бидејќи и беше забрането да ја напушти куќата.
– Мислам дека беше идиотски да не заклучуваат во нашите куќи. Кучињата можеа да шетаат, но ние не. Можеше да се организира поинаку, така што луѓето над 65 години да имаат најмалку еден час на ден за шетање во време кога другите не можат да излезат надвор. И станувањето во три часот наутро за да се оди во продавница беше толку понижувачко, немам зборови. Некои сироти луѓе одеа. Тоа е голем срам. Не можеше ли да се утврди едно претпладне за пензионерите да одат во набавки, а не да станат во три, за да пазарат од од четири до седум? Секако дека јас не одев, но многумина одеа- рече познатата актерка.
За да најдете мир и удобност во ова време, таа советува да заминете во природа.
– Треба да одите во природа колку што е можно повеќе. Останете меѓу зеленилото. Убаво е времето, дојде пролетта. Пролетта беше исто така убава кога бевме бомбардирани. Тоа беше спасение дури и тогаш. Единствено таму има мир и само таму исчезнуваат сите овие гадости во кои живееме – заклучи Светлана Бојковиќ.
Стравот од вирусот кој се сее меѓу луѓето, тоа е нешто навистина недозволиво! Ете, толку од мене за денес, изјавила актерката.