Реклама
Наши ѕвезди

Наташа Беквалац отворено за трите пропаднати бракови: Не сакам маж што ме нервира со глупави прашања

Реклама

Популарната српска пејачка Наташа Беквалац зад себе има три бракови, кои завршија на ист начин – со развод. Пејачката прво беше во брак со познатиот српски ватерполист Данило Икодиновиќ, потоа со поранешниот ракометар Љубо Јовановиќ и со ИТ експертот Лука Лазукиќ. Од тие бракови има две ќерки, Хана и Катја, а сега живее без партнер само со девојчињата.

– Немам момче веќе две ипол години. Влетував од врска во врска и од брак во брак. Потребно е време за да се ресетирам и бев само своја. Многу нешта носебв на себе, не сум целосно добро, ми треба уште малку време, рече Наташа гостувајќи во една емисија.

Маркетинг

Наташа призна каков маж би сакала да има покрај себе.

– Не треба да ми поставува глупави прашања, да се занимава со моето минато и да ме нервира, рече низ насмевка.

Маркетинг

Иако зад себе има три пропаднати бракови, за поранешните мажи Наташа мисли само убаво. На прашањето кој од поранешните сопружници би го блокирала, а со кого би отишла на пијалок, во својот стил одговори:

‒ Никого не би го блокирала зошто луѓето почнав да ги сакам и прифаќам такви какви што се. Би отишла на пијачка со сите тројца, а би се омажила за сите тројца повторно. Затоа што имав добар брак со Љубо додека беше добар. од бракот со Данило ја добив Хана, а од бракот со Лука ја добив Катја. Значи, би се омажила од различни причини за сите тројца. Јас велам дека јас сум најдобрата поранешна жена на светот. Данило многу ме почитува мене и мојата улога на мајка. Знае колку сум посветена.

https://www.instagram.com/p/CF-N-4mHh8v/

Неодамнешната изјава на нејзината вника Зои дека мисли дека Наташа премногу пати се мажела, пејачката духовито ја искоментира:

https://www.instagram.com/p/CF68wyan79L/

‒ Јас би рекла дека се мажев токму толку колку што ми беше потребно. Не би се мажела толку пати ако на време не излегував од односите кога почнуваа да ме гушат и да ме прават несреќна. Не сум од жените кои поради соседите и приказните со кои не можат да се соочат, да останат во нешто што не им годи. Тоа не е добро за жените, ќе бидете лоши мајки и сопруги, во сите сфери.

https://www.instagram.com/p/CF4JpBzn2d9/

https://www.instagram.com/p/CEuguUanIug/

https://www.instagram.com/p/CEUVUOJnJI3/

https://www.instagram.com/p/CDep7YSHPqb/

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button