На 1. декември 2008 година трагично загасна животот на Милош Радуловиќ, синот на Марина и Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ во нивната семејна куќа во центарот на Белград. Марина синот го затекнала во безживотна состојба и таа слика вечно ќе и остане врежана во сеќавањето. Со години молчеше за својата болка и за тоа како живеела со тоа сите овие години.
-Мајката никогаш не може да се помири со губењето на детето. Можеби со време се навикнуваш да живееш празен, но нема излекување. Се помируваш, можеби во некој момент дека така морало да биде, но никогаш не ја наоѓаш причината. Зошто? Зошто токму тебе? Зошто твоето дете? Само продолжуваш да живееш и работиш со тој товар, зошто мораш, напиша Марина пред неколку години во авторска колумна за Информер.
Tаа само еднаш собра сили и отворено говореше за моментот кога синот го затекнала без знаци на живот.
– Влегов во неговата соба и го видов тоа што го видов. Тогаш Милош имаше само 24 години. Секогаш имав страв дека нешто ќе му се случи. Ви оди детето на екскурзија па се плашите како ќе стигне. Секогаш имате страв за лицата кои ги сакате. Интересно е, јас таа ноќ…Тој беше толку весел, толку се смеевме, навистина немав лошо претчуство. Колку стравови имав претходно… И ете толку се случи тоа за што не се надевав. Не го очекував тоа- рече Марина пред неколку години во исповед за 1 ТВ.
Марина во таа прилика се осврна и на се она што дојде после откако го однеле телото на Милош. Како што рече, единствена работа која никогаш не сакала да ја дознае, се резултатите од обдукцијата.
– Не сакав да ги видам резултатите од обдукцијата. Што ми значи тоа. Дали тоа било срцето, дали нешто зел… Каква врска има. Тоа не ми е важно. Не ме интересира што пишуваа медиумите. А и тоа ако пишувале дека сум лоша мајка… А што значи тоа? Јас со тие деца бев 24 часа. Имаа се, водев сметка, но ете друштвото ги повлече. Секогаш се истураат на родителите. Секогаш им ја покажував својата љубов. Можеби мојата љубов веше лоша. Можеби не знам, да ги сакав помалку… Да го стегав срцето, да не им давав кога бараа, можеби тоа немаше да се случи – неутешно говореше во својата болна исповед.
Иако утеха пронајде во својата работа, болката ја јадеше од внатре. По неколку години станаа вистина нејзините најцрни предвидувања кои ги потиснуваше цело време. Марина дозна дека има рак.
– Јас знаев дека тоа мене ќе ми се случи. Многу лошо се чувствував, многу се нервирав. Ја имав таа раничка која ја игнорирав. Јас знаев дека сум болна. Ама навистина знаев. Свесно не одев на лекар. Имав и приватни проблеми и тогаш човек тоа ќе го пропушто. Јас некако самата на себе сум на последно место, рече Марина.