Елиф од турската серија порасна во вистинска убавица, нема да ја препознаете – малото девојче изгледа како принцеза!

Турската серија Елиф беше хит во целиот регион
Оние што ја следеа популарната серија беа воодушевени од симпатичното девојче кое што ја толкуваше младата актерка Изабела Дамла.
Изабела е родена во 2009 година во Њујорк, Нејзиниот татко е Американец, политичар и бизнисмен од оваа земја.
Нејзината мајка е Турчинка.
Најмладата ѕвезда од една од најгледаните серии во регионот, Елиф, Изабела Дамла Ѓувенилир редовно на Инстаграм споделува моменти од снимањето, но и кога е заедно со своите пријатели и семејството.
Од нејзините фотографии можеме да видиме дека пораснала во вистинска убавица и дека ја чека сјајна кариера како актерка.
Многу сум среќна заради серијата, уживам кога одам на снимање. Секако, тука речиси го поминав моето детство. Сите мои млечни заби ми испаднаа, во една епизода имам еден заб, а во другата го немам. Но успевам да ги завршам и сите мои колски обврски на време. Одам на училиште, а по школото одам во студиото на снимање, домашното го пишувам кога ја чекам својата сцена. Имам многу слободно време додека чекам, па можам да ја завршам домашната задача, изјави Изабела во интервју за босанскиот магазин „Азра“.
Таа оваа улога ја доби во голема конкуренција. Имено, кога продукциската куќа што ја снима серијата ги започна подготовките за снимањето, беше организиран кастинг за главната улога. Беше потребно да се најде девојче од седум до десет години, која би можела да го одигра и да го носи таквиот лик. Откако пробните сцени ги одиграа повеќе од 100 девојчиња, во потесниот избор останаа само Иабела Дамла Ѓувенилир (Елиф) и Зејнеп (Тугче)
Индонезија има своја Елиф
И бидејќи серијата Елиф веќе со месеци е најгледан програм во Индонезија, тамошниот канал СЦТВ кој што ја емитува, ги купи правата да снимаат и своја сопствена верзија. Па така сега публиката во оваа земја веќе неколку месеци ужива и во домашната верзија на популарната сапуница, додека паралелно ги следи и заплетите од оригиналот.
„Приказната е добро позната и сјајно прифатена е и домашната верзија која ги освои срцата на публиката“, наведуваат од оваа продуцентска куќа.