За него велат дека ја има најубавата сопруга меѓу ѕвездите на ГРАНД – Погледнете каква убавица има покрај себе познатиот пејач

Во бракот му цветаат рози.
Иако на Немања Стефановиќ сите се сеќаваат како учесник во натпрварувањето „ Ѕвездите на Гранд“, но и повеќе од бурната врска со Милена Џуриќ, тој веќе неколку години е во среќен брак со сопругата Јелена.
Сопругата на Немања важи за вистинска убавица, таа срцето му го украла уште од првиод ден.
– Јелена ја „снимив“ на еден свој настап. Цела вечер се гледав,е, а на крајот и пријдов. Беше малку воздржана бидејќи јас сум познат, рекол Немања во една прилика.
Од кога се запознале, тие двајца лудо се вљубиле, а денеска се во брак и ја имаат нивната ќерка Маша.
Хармоничниот однос со Јелена го гради од ден во ден, а не крие ни како изгледа нивниот брачен живот.
– Знам дека сите велат дека бракот бара многу компромис и одрекувањ, меѓутоа морам да признаам дека кај нас тоа го нема. Не си дозволуваме на себе да западнеме во ситуација во која еден на друг ги критикуваме постапките.
За се искрено разговараме и не постои никој и ништо за што би се скарале. Нормално и ние имаме моменти кога имаме лош ден и изговараме нешто што не мислиме, но брзо го решаваме тоа бидејќи никој не е злопамтило.
Можам да се пофалам со идеален брак, изјавил Немања во една прилика за Блиц.рс.
Погледнете ја неговата прекрасна сопруга.
Сопругата на пејачот во минатото се занимавала долго време со манекенство.