Еве зошто Здравко Чолиќ ја крие сопругата од јавноста – откриена тајната што пејачот долго време ја криеше

Ѕвездата за прв пат прозборе за ова.
Сопругата на Здравко Чолиќ, Александра од секогаш е најголема поддршка на најголемата ѕвезда. Сепак таа е секогаш жената од сенка и јавноста за неа многу малку знае. Од друга страна Здравко Чолиќ за неа говори многу малку, а се што ќе каже има длавоко значење.
Во едно интервју пејачот откри дека Александра имала блиска средба со негова обожавателка, што најверојано и тоа е една од причините поради кој одбрала да не се експонира во јавноста.
– Многу поминав и доживеав во животот. Еднаш мојата сопруга беше нападната од моја обпжавателка и ја расекла по улица. Сандра едвај се извлекла, среќа без поголеми последици. Тоа беше одамна, но и ден – денеска се сеќавам на тоа. Мoјата сопруга други големи непријатности немала, бидејќи не се експонира не е таков тип, а и сметам дека жената и децата треба да бидат далеку од очите на јавноста, рекол Чола воено интервју.
Тој исто така истакна дека најголемо олеснување во целава оваа ситуација е што Александра не е љубоморна жена.
– Мојата сопруга реагираше така како што треба. Таа ја разбира мојата работа. Мислам дека тоа позитивно делува на неа. Сето ова го доживував и како добро и убаво, како нешто што претставува дел од мене.
Таа публика е со мене со години и ме поддржува тоа што го правам. Верувам дека може да и биде само драго поради тоа, рекол пејачот.
Сопругата на Здравко е постојано покрај него и го поддржува во се, и покрај се таа е заслужна што неговите ќерки се прекрасно вопситани.
– Горд сум на воите ќерки, како и секој татко. Јас сум тука да ги поддржвам и да исполнувам нивните желби.
Чола и Александра се венчале на 1. мај 2001 година и од тогаш се во среќен брак во кој имаат две преслатки ќерки, Тара и Уна.
Уна е веќе полнолетна девојка, таа неодамна го прослави својот роденден во својот дом.