Актерката која им беше омилена на генерации Македонци ги брои ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ од животот – ова ги расплака сите!
Таа со својата исповест го расплака целиот свет
Шенон Доерти (49) по четврти пат има рак, а кога во февруари оваа година го обелодени тоа, целиот свет беше во шок.
Тажна што не успеа да ја победи болеста, популарната Бренда од серијата Беверли Хилс призна дека сега е изморена од тешката борба.
„Прашање на ден е кога ќе се појави веста дека имам рак во четврта фаза. Ми се врати, затоа сум тука. Ова е тешко да се прифати на многу начини. Има денови кога ќе се запрашам зошто токму јас, а има и денови кога ќе се прашам, а зошто не јас, зошто некој друг?! Кој заслужува вакво нешто? Никој!, искрено и со солзи раскажува Бренда во интервјуто за „ЕјБиСи Њуз“. Познатата актерка откри дека планира да сними видео-порака и да напише писмо за своите најблиски, иако е уверена дека ќе живее уште 10-15 години.
Во интервјуто што го даде за магазинот Ел, Шенон изјави дека постојат многу работи кои што сака да и ги каже на својата мајка и дека сака да биде сигурна дека нејзиниот сопруг Курт Исваријенко знае колку и значи.
„Кога и да помислам дека е време да го направам тоа, ми делува како сé да е готово. Делува како да се одјавувам, а не се одјавувам. Се чувствувам многу здраво. Тешко е сето тоа да се срочи кога се чувствуваш како дека ќе живееш уште 10-15 години“, изјави актерката во февруари кога дозна дека е болна.
До тогаш две години беше уверена дека ја победила болеста благодарение на опеpaцијата, xeмотерапијата и paдијацијата.
Но кога почувствувала болки во грбот, отишла кај докторот и со скенер откриле дека болеста се вратила. Тогаш и било соопштено и дека најверојатно ќе се прошири на мозокот, белите дробови и црниот дроб.
Не се откажува од животот
Шенон моментално е на хормонска терапија која треба да го блокира естрогенот кој допринесува за развој на канцерот, а покрај тоа користи и лекови кои се покажале како делотворни во случаи на метастаза. Некои пациенти со рак на градите кои имале метастази успеале да живеат и до десет години благодарение на терапијата, па Шенон се надева дека тоа е случај и со неа.
„Се уште се чувствувам како силно човечко суштество. Тешко е се да се опише со зборови, тешко е да завршите со сите свои обврски кога имаш чувство и покрај дијагнозата дека ќе живееш уште. Верувам дека сите дијагностицирани со карцин0м во четврт стадиум се чувствуваат така, како сите останати да очекуваат дека набрзо ќе заминеш. Но јас не сум подготвена да си одам. Имам се уште живот во себе“, заклучи Шенон и со своите зборови ги растажи сите.