Прекрасни фотографии од водопадите на реката Лешница на Шара што ПРЕМИЕРОТ Еди Рама ги претстави како албански!
Брука невидена …
Премиерот на соседна Албанија ги претстави природните убавини на Македонија како дел од неговата земја
Имено премиерот Еди Рама вчера на својот Фејсбук профил објави фотографија од водопадот на реката Лешница на Шар Планина и напиша „Прекрасна Албанија, Кањон Лешница“, по што следуваа бројни жестоки коментари на сметка на премиерот Рама, како и бројни критики.
По бројните реакции, фотографијата од профилот на Фејсбук на албанскиот премиер по неколку ласа мистериозно исчезна.
Потоа од Кабинет на албанскиот премиер за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и наводно фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.
Тие воедно им се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место се наоѓа во Македонија.
Набргу се огласи и авторот на фотографијата, Африм Тахирај од Албанија. Тој истакна дека проблемот настанал бидејќи неговата фотографија била споделувана на социјалните мрежи без опис, откако тој ја објавил на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.
Кадите на Кривошијска река – уметничко дело на природата
Инаку водопадот на Лешница и кањонот на Кривошијска река е една од омилените тури на домашните туристи и планинари, а важи за еден од најубавите предели на Шар Планина. Лешница е долина на Шар Планина, која се наоѓа во средишниот дел, помеѓу врвовите Среден Камен и Плат, на околу 17 километри северозападно од Попова Шапка.
Овој предел е преполн со бистри планински реки, бучни водопади и густа боро0ва и букова шума, а под карпестите планински врвови се простираат живописни пејзажи и бројни прекрасни водопади, а поради преубавата природа ова место го носи и прекарот „македонска Швајцарија“.
Една од овие убавини се и водопадите во лешничката долина, меѓу кои и водопадот на горна Лешница, во подножјето на Титов Врв, Кривошијскиот водопад и прочуените Кривошијски кади, систем од огромни вдлабнувања во карпите низ кои паѓаат слапови вода десетици метри удолу. Како изгледаат овие убавини погледнете во продолжение.