Пејачот Слоба испровоиран: Славеше годишнина и се засрами за сите пари – Дали се сеќаваш?

Слоба остана шокиран среде емисија.
Српскиот пејач Слоба Радановиќ и Кија Коцкар станаа еден од најпопуларниот пар на естрадата, откако што тој ја изневери во Задруга со Луна Џогани, па тие за брзо и се разведоа. Фамозното трио ги полнеше весниците години наназад, но и понатаму не престануваат да ја интригираат јавноста.
За тоа се доказ и секојдневните, многубројните коментари кои стигнуваа како Кија, така и Слоба, а станува збор за нивниот однос. Меѓутоа, еден коментар посебно го изненади Слоба.
– Среќна годишнина на Кија и тебе 4 години на денешен ден!Се сеќаваш кога ја поздравуваше на овој ден преку ТВ, а ја изневеруваше со Луна? – го прашаа Слоба кој останал нем на ова прашање или провокација.
За потсетување, Кија во реалното шоу Задруга влезе како изневерена жена, а си замина оттаму како победник со 50 илјади евра.
Пред да влезе во шоуто работеше како стујардеса. Коцкар зборува 5 јазици, има завршено хотелски менаџемент, а се појави и во неколку музички спотови. Публиката можеше да ја запознае како сопруга на учесникот Слободан Радановиќ.
Иако продукцијата на почетокот на шоуто им нудеше да влезат заедно, Коцкар одби но подоцна откако Слоба јавно ја понижи се предомисли и одлучи да им одржи добра лекција.
Во продолжение погледнете колку е згодна и атрактивна Кија, мажите се воодушевуваат од нејзината убавина и витка става.