Погледнете каков фраер е синот на познатата водителка Лила ФИЛИПОВСКА, ќе се воодушевите од овие фотографии

Горда мама
Нашата позната водителка Лила Филиповска важи и за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи.
Шармантната водителка редовно објавува фотографии на својот профил на Инстаграм, а овој пат пријатно ги изненади сите со една на која е со нејзиниот син Филип. Таа на овој начин му го честиташе роденденот на својот наследник, а фотографијата ги воодушеви нејзините фанови.
„Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка ,моја десна рака, мој свет, мое сѐ …најсреќен роденден…..те сакам“. напиша водителката под следната фотографија под која се редеа и честитки од нејзините фанови.

„Среќен роденден на лепотанот, да си славите само убави работи“, и напиша една корисничка на Лила.

И Филип има топ фотки на Инстаграм
Не е реткост децата на познатите да привлекуваат внимание, а Филип навистина има интересни фотки на Инстаграм. Но Лила иако е многу активна на Инстаграм, ретко објавува семејни моменти на социјалните мрежи.
Но на радост и тоа посебно за претставничките на понежниот пол, таа овој пат направи исклучок.

И ова не и е прв пат.

Таа во минатото има објавено и фотографии кога Филип бил малечок, што посебно ги разнежи нејзините фанови.
Инаку Лила многу ретко зборува за својот приватен живот и речиси никогаш ништо не открива. Таа понекогаш заедно со својот син ќе се појави на некој настан, а како изгледаат неговите фотки, погледнете во продолжение.
А еве и како тој изгледаше како матурант…









