Реклама
Вирално

Метеоролозите најавуваат oпacнo НEВРЕМЕ на Балканот – ќе има ПОПЛАВИ и бури, еве кои земји се први на ударот!

Реклама

Опасно невреме пристигнува на Балканот

Фото: Илустрација

Властите во Црна Гора и Хрватска предупредуваат дека во следните неколку дена се очекува невреме со грмежи и обилни врнежи од дожд што можат да предизвикаат поплави.

Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора предупреди дека во следните четири дена се очекуваат нестабилни временски услови, понекогаш со пороен дожд, повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен, бурен јужен ветер.

Маркетинг

Дирекцијата предупреди дека поради силниот дожд, големиот прилив на вода и силниот јужен ветер, потенцијално се можни одредени последици во централните, јужните и крајбрежните области во оваа земја.

Фото: Принтскрин

„Дирекцијата издава предупредување со цел подигнување на оперативната подготвеност на надлежните органи во системот за заштита и спасување, додека граѓаните се поканети да ги прилагодат своите активности според најавената метеоролошка состојба, а другите субјекти да ги преземат неопходните мерки за да избегнат потенцијална штета“- се додава во соопштението. Дирекцијата посочува дека сите надлежни субјекти на системот за заштита и спасување за споменатиот период ќе го подигнат нивото на оперативна подготвеност за одговори во такви ситуации.

Маркетинг

И Државниот хидрометеоролошки институт во Хрватска издаде специјално соопштение во кое се наведува дека викендот ќе биде постуден од просекот за овој период од годината, дека се очекува силен дожд и бурен ветер.

Фото: Илустрација

Највисоки врнежи со грмотевици и силен ветер се очекуваат на Јадранот, каде што, како што се наведува, на некои места се можни поројни поплави.

Поројни поплави поради дожд и невреме се можни и во планинските области и во внатрешноста на Далмација, каде што е издадено и второ ниво на предупредување – портокалово како најава за опасно време.

Фото: Принтскрин/ УХМР

Македонија

Актуелно предупредување има и од Управата за хидрометеоролошки работи ан Македонија. Тие најавија дена за време на викендот и во понеделникот ќе бидеме под влијание на циклонска активност со чести продори на влажни бранови во одредени региони. Времето ќе биде претежно облачно, со пообилни врнежи од дожд, особено во текот на утрешниот ден кога се очекува над 30 литри на метар квадратен. Врнежите на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер, кој може да достигне брзина и над 80 километри на час.

Температурата значително ќе се намали предупредуваат од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Фото: Принтскрин/ УХМР

Што се однесува до времето денес, според УХМР се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд

Во сабота се очекува да биде претежно облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд (над 30 л/м2), кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и силен ветер (над 80км/ч.).

Фото: Принтскрин/ УХМР

Променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локален дожд се очекува и за во недела, додека од понеделник променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни и со локална појава на грмежи.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде и во вторник. Ќе дува умерен, на места засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура, со мали отстапки, во текот на следните денови ќе се движи од 6 до 11, а максималната од 18 до 25 степени Целзиусови.

Фото: Илустрација
Фото: Принтскрин/ УХМР
Фото: Принтскрин/ УХМР

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button