Научниците пресреќни, конечно открија слаба точка кај короната поради која може да се работи на револуционерен ЛЕК
Научниците од Универзитетот во Бристол открија слаба точка на протеинот од „шилецот“ на површината на вирусот САРС-Ков-2. Тие веруваат дека во „џебот“ на површината на патогенот би можел да се вбризга лек и со тоа вирусот да се онеспособи пред да инфицира што поголем број човечки клетки. Автoрите сметаат дека новото откритие може да биде револуционерно во борбата против пандемијата од коронавирусот.
Доколку споменатиот џеб би се исполнил со молекули кои го онеспособува вирусот, патогенот би бил совладан „и пред да не инфицира нас“, уверен е раководителот на студијата, професорот Имре Бергер.
Лекот би можел да се зема во форма на апче или спреј во раната фаза од болеста, со штом лицето забележи симптоми, за да се спречи напредувањето на инфекциите до критична фаза, објаснува експертот.
Научниците велат дека најновите сознанија се голем исчекор напред, но исто така предупредија дека развојот на лекот може да потрае со години и дека не веруваат дека антивирусниот лек кој делува на џебот ќе биде достапен во блиска иднина.
А за каков џеб реално станува збор? На површината на вирусот САРС-Ков-2 се наоѓаат протеини во облик на шилец, со помош на кој вирусот се закачува за човечките клетки, т.е. нивните рецептори. Професор Бергер и професор Кристијана Шафицл направија 3Д структура на шилецот откако навлегоа длабоко во внатрешноста на шилецот и го идентификуваа нивниот молекуларен состав.
Во нив открија џеб исполнет со линолна киселина (ЛА), за која претпоставуваат дека има улога да го стабилизира протеинот или честичката пред интеракција со рецепторите на површината на човечките клетки, со што на крајот го спречуваат да дејствува.
Како што професорот Бергер објасни за Дејли мејл, шилецот мора да се „отвори“ за да се спои со површината на нашите клетки.
– Така отворен, вирусот ослободува некој вид на „чадор“, леплива лепенка, со која се прицврстува за нашите клетки. Тој отворен облик со чадор е „инфективен“ облик – објаснува професорот, додавајќи дека шилците може да бидат затворени: кај нив „лепливата лепенка“ е скриена.
ЛА е есенцијална масна киселина, која организмот ја апсорбира преку храна, посебно преку маслата, јаткастите плодови и семки. Игра важна улога кај воспаленијата, ја засилува отпорноста и неопходна е за зачувување на клеточната мембрана во белите дробови за да може нормално да дишеме.
Научниците тврдат дека тешко заболените од ковид-19 имаат недостаток на ЛА во крвта.
– Кога е намалено нивото на ЛА, имаме проблем, – тешко дишеме и не можеме да ги контролираме воспалителните процеси. Токму тоа се случува кај заболените од ковид-19, објаснува професорот Бергер.
Научниците сметаат дека клетките од коронавирусот кои содржат ЛА ги користат резервите на ЛА во организмот и така предизвикуваат тешка форма на болеста.
Хемиска супстанција која имитира ЛА може да послужи како антивирусен лек ако се вбризга во џебот. Доколу би станала уште поефикасна од ЛА би постоела можност шилците да се задржат во затворена, состојба, велат научниците.