Баба Цеца не планира да го воспитува внукот – наследникот на Ражњатовиќ е вистински среќник

Радост во семејниот дом на ѕвездата Цеца Ражњатовиќ.
Цеца ужива во новата улога на баба, а откако нејзиниот син Вељко и нејзината снаа Богдана и го подарија првиот внук на среќата и нема крај.
Како што вели Цеца, нејзината работа не е да го воспитува внукот Жељко, туку да го размази, а таа како самохрана мајка се присетува дека нејзините деца ги воспитала со помош на нејзината сестра Лидија.
– Сите сме подлежни на грешки, а како и секој нормален родител се труди да ги надмине грешките. Се е тоа живот, некои грешки ги надминуваш лесно, а на некои ќе се сопнеш.
Пак ќе кажам се е тоа за човек, и паметен човек секогаш од некои грешки вадел поука или некоја лекција, и моите деца грешеа, како и секое дете на нивна возраст, така да тоа не се грешки кои се непорпавливи. Тоа се оние тинејџерски грешки и нормални за созревањето.
Се е тоа толерантно, но проблем е ако укажуваш на иста грешка постојано, и ако не извлечеш лекција од тоа, но затоа постојат луѓе кои се стручни за тоа. Тоа во светот функционира сосема нормално со години и не е срамота да се побара стручна помош.
Јас имам покрај мене човек кој знае постојано да ме советува, никој не се родил како најпаметен и се да знае и умее и тоа е сосема природна работа, открила Цеца.
Цеца додаде дека сакале ние или не, некој модел на однесувањето и воспитувањето си го носиме од дома, и дека секогаш си велела дека нема да биде строга мајка како што биле нејзините родители.
Но покрај бабата, тука е и тетката Анастасија да го размазува.
Наследникот на семејството Ражњатовиќ е вистински среќник, навистина ужива во преголема љубов и хармонија.
А дека малиот Жељко има преубава и презгодна баба доказ се и најновите фотографии кои Светлана Цеца Ражњатовиќ ги објави пред неколку дена на својот Инстаграм профил.
Погледнете…
По бабата, штета би било да не ја спомнеме и тетката Анастасија која навистина знае да не почасти со преубави фотографии на својот Инстаграм профил, таа секогаш е средена од глава до пети комбинации кои доликуваат за нејзините години.
Прекрасно, таа постојано добива позитивни коментари за нејзиниот изглед од фановите.