Познатата фолкерка (44) се омажи – пејачката пресреќна што конечо застана на ЛУДИОТ КАМЕН, погледнете каква венчаница носеше!
Пејачката Билјана Сечивановиќ (44) се омажи во саботата за својот долгогодишен партнер Александар Недиќ.
Парот се венчаше пред кумовите и неколку најблиски луѓе, а пејачката носеше како и обично, бела венчаница. По излегување од матичното, новопечениот брачен пар беше дочекан од трубачи.
Љубовта на знае за време и години и ако треба да го кажам тоа ‘да’ јас ќе го кажам кога треба и тоа не заради други и нема да се грижам за коментарите од било каква природа“ изјави Билјана неодамна.
Пејачката и Александар се свршија пред две години во Дубаи, по што започнаа заеднички живот во нивниот раскошен дом.
Таа и нејзиниот новопечен сопруг живеат со децата од нивните претходни емотивни врски – со синот на пејачката, Матеја, ќерката на нејзиниот партнер, Николина.
Само да потсетиме, Билјана има син Матеја кој што го доби од бизнисмен во Австрија кој ја остави набргу откако дозна дека е во блажена состојба.
Инаку, Билјана планираше овој мај да направи гала свадба и да поканат 500 гости. но заради ситуацијата со епидемијата со корона вирусот пејачката и нејзиниот свршеник Александар решија да ја откажат венчавката.
„Кога јас планирам да се мажам, се случува криза на глобално ниво. Одлучивме да ја одложиме свадбата затоа што се забранети масовните собири, а кај мене би било околу 500 гости и не дај боже некој да се зарази.“
Билјана порасна со нејзината сестра во село во близина на Чачак. По средното училиште заминува во Австрија, каде завршува курс по маникир, но големата љубов кон музиката ја носи во потполно друга насока. Таа со години ќе настапува во дијаспората, а потоа реши да си ја проба среќата во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Билјана ја помина аудицијата, но не стигна до самото финале, а истата сезона победи Дарко Лазиќ.