Пејачката брутално искрена: Знам дека децата патат по мене – со ноќи не спијам!

Тања Савиќ со искрена исповед за своите деца.
Пејачката многу денови ги нема слушнато своите деца, таа вели дека не ни знаела дека е толку силна додека не и се случила борбата за синовите.
Болката низ која минува пејачката Тања Савиќ кој сопругот Душан и ги однесе синовите во Австралија, можат да ја почуствуваат само жените кои минале низ ваква слична ситуација.
Кога таа јавно проговори за оваа голгота пејачката доби поддршка од многумина жени, но и јавни личности.
– На почетокот сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката, од секогаш знаев дека луѓето ме сакаат, но дека ќе ми пишуваат толку многу, тоа не можев да го замислам, ви благодарам на сите.
Пријателите на Тања велат дека пејачката не може ниту да спие од току што ги мисли своите деца
– Секоја ноќ лежам и се будам за своите деца, сонувам секоја ноќ, иако многу малку спијам, сонувам како биле покрај мене и како се гушкаме и смееме заедно, тоа ми дава уште поголема сила за да се борам, открива пејачката
– Поминаа неколку дена откако ги немам слушнато. По безуспешните позиви на кои никој не одговара веќе се навикнав, но тоа ме прави посилна.
Сфатив дека луѓето станале толку злобни до таа мера да раководат со децата, има родители кои се разделени но секогаш на прво место им бил интересот на децата. Очигледно дека семејството на мојот поранешен сопруг не размислува на ова па така што им забранува секаков контак на децата со нивната мајка.
Мислам дека не треба да напоменувам дека мајката е таа што има важна улога во животот на децата. Гледам дека децата многу патат без мене, но можам да забележам и дека истреннирале нова вештина, а тоа дека мажите не плачат, што тоа е потполно погрешно биејќи сите сме живи битја, а плачењето е еден вид на празнење, а ако не плачеме сета таа болка ќе се претвори во агресија. Имав таков пример овие гоини и точно знам како изгледа маж кој е научен да треба да потисува емоции уште од малл. За жал, таквите луѓе денес се многу агресивни, па така стануваат насилници. А најмалку што посакувам е моите деца да станат такви.
Пејачката ја прашаа што прво ќе им каже откако ќе си ги види децата.
– Многу често го замислувам тој момент и мислам дека ќе паднам кога ќе се залетаат вво прегратка. И дека сето ова ќе биде само еден лош сон. Мислам дека оваа оделеност во иднина ќе донесе само убави работи за нас тројца.
Исто така Тања беше прашана дали некогаш помислила дека на вакво нешто Душан би бил подготвен
– Не, рака во оган ќе ставев, бев сигурна дека нема да ми направи нешто, што јас не би му го направила на него, но ете згреши, призна пејачката.
Цела Србија и дава поддршка на пејачката и се моли што побрзо д си ги прегрне своите синови.
И покрај нејзините проблеми Тања секогаш успева да биде активвна на социјалната мрежа Инстаграм да ги почасти своите фанови со фотографии од нејзиното секојдневие.
Погледнете…