Реклама
Наши ѕвезди

Популарната водителка проговори отворено за борбата со опасната болест: Се почна кога открив грутка, голема колку зрно ориз

Реклама

Британската водителкаа Џеки Белтрао (55) долго криела од јавноста дека се бори со канцер, а потоа реши деталите од својата борба да ги изнесе јавно.

„Открив грутка, голема колку зрно ориз, точно под клучната коска откако го повредив рамото на јога. Имав многу среќа што го најдов, но и затоа што сум слаба. Да бев малку подебела, никогаш не го открила и ракот уште долго би растел во мене додека да го откриевме“, раскажува таа.

Маркетинг

Џеки пред околу седум години веќе еднаш се борела со рак на дојка. Имала масектомија и поминала низ хемотерапија, меѓутоа сега пред неа е нова борба.
На преглед ѝ рекле дека во прашање е тип на рак кој многу брзо се шири.

https://www.instagram.com/p/CFKp7hvhEqS/

Маркетинг

„Почнав да плачам. Беше тоа очаен плач. Не можев да верувам дека повторно ме чека иста борба“, искрена е водителката.

Ја соопштила веста на сопругот, а потоа и ќерката ги затекнала во солзи.

https://www.instagram.com/p/CCs7ulOhO9n/?utm_source=ig_embed

„Мама беше склупчена во ќошот, додека тато викаше ‘не, не, не’. Браќата и јас се стрчавме во нивната соба. Првиот пат кога се бореше со ракот, криев од друштвото и од наставниците зошто не сакав никој да ме сожалува, но и затоа што не можев да се помирам со ситуацијата. Овој пат, сите реагиравме поприбрано и се зближивме повеќе од било кога“, вели ќерката на Џеки Амелија, а Џеки додава дека секогаш била болно отворена кон децата и дека никогаш ништо не криела од нив.

https://www.instagram.com/p/CFNPjoIhiOL/

„Јас сум многу директна и отворено зборувам се, без ублажување. Нема поента да се крие вистината. Кога ги добив резултатите после скенерот за ракот на дојка, им реков дека имам канцер од четврти степен и дека не се лекува. Им реков и дека има многу лекови кои можеби ќе помогнат, но може ракот и да ме убие и мора да бидат подготвени на тоа, вели Џеки.

Оттогаш потполно ја сменив исхраната. Туморот се намали, и јас ги исфрлив млечните производи и станав повнимателна за се што внесувам во телото. Поради тоа ме погоди оваа втората дијагноза, се работев според правилата, вели таа.

https://www.instagram.com/p/CFFpwvOhpv9/

„Амелија реагираше така што опсесивно ја чистеше куќата, го презеде готвењето и целата грижа околу домаќинството. Помалку ги заменивме улогите, што речиси таа сега е мајката, а јас ќерката. Но тоа е нормално, улогите во семејството со текот на времето се менуваат“, вели Џеки.

https://www.instagram.com/p/CFII1RZBApt/

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button