Балканот згрозен од оваа фотографија на Вељко и Богдана – горат СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи, посебно заради овој детаљ
Тато и мама во акција
Вељко Ражнатовиќ е познат по тоа што ги почитува традиционалните и семејните вредности, а овој пат сакаше да покаже како со својата сакана и бебето ужива во природа.
Имено, синот на Цеца овој пат позираше со бебето, синот Жељко, додека го држи во прегратките, додека во другата рака држи пушка. Во кадарот е и неговата жена Богдана, додека лупи краставици.
Фотографијата е направена во шума што дава создава посебен впечаток и атмосферата е крајно романтична.
Освен пушката, секако.
Фотографијата за многу брзо време доби огромен број коментари и лајкови што можете да ги прочитате на Инстаграм.
Инаку, Богдана и Вељко неодамна се остварија во улога на родители кога го добија малиот Жељко. Но токму затоа фановите и се изненадени затоа што Богдана за многу кратко време повторно изгледа беспрекорно, а од неодамна отвори и профил на Инстаграм каде објавува свои фотографии на кои во центарот на вниманието е нејзиното совршено тело.
Нема дилема дека бебето им го смени животот на Богдана и на Вељко, а тој неодамна откри и како се снаоѓа во улога на татко, но зборуваше и за неговото искуство со вирусот корона. На прашањето од што се плашел најмногу кога му откриле дека е позитивен, Вељко беше потполно искрен.
„Доста луѓе што ги познавам прележаа вирусот корона, немав никаков страв. Се придржував до она што ми го кажаа докторите и во рок од седум дена бев негативен. Слушнав дека воведуваат нови мерки, тоа е страшно, но пострашно е да имаме заразени по улица и трагични случаи.“
Што се однесува до неговата сопруга, и како се чувствува откако се оженил, тој вели:
„Најдов мир во главата откако ја најдов мојата жена, но тогаш се смирив потполно“, заклучи тој.