Силвана НИКОГАШ не сме ја виделе во пократко фустанче – блеска со македонското знаме, а нејзината порака ги воодушеви сите

Нашата позната пејачка на народна музика, Силвана Крстовска, на Денот на независноста на Македонија ги изненади фановите со нова фотографија.

Таа на социјалните мрежи се појави во кратко црно фустанче кое го носеше додека позира покрај македонското знаме. Пејачката со овој стајлинг ги истакна своите совршена фигура и убавите нозе, заради што ги мамеше воздишките на претставниците на посилниот пол меѓу фановите.
„Честит празник татковино! Вечна да си ни Македонијо!“ напиша Силвана под фотографијата од која можеме да забележиме дека пејачката празникот го помина во одлично расположение, па се надеваме дека истото им го пренесе и на своите верни фанови.

Инаку, пејачката која долго време е на македонската естрада е препознатлива по својата впечатлива руса коса, заради што и го доби прекарот македонската Мерлинка. Таа на својот профил на социјалните мрежи редовно објавува фотографии на кои плени со својата убава коса, но и со своето тело, а некои од нив можете да видите во продолжение.
Таа неодамна откри со што располага и кога не е во своите фустани и здолништа кога објави фотографија од песочните плажи, во костим за капење.

Инаку, Силвана меѓу своите колеги и пријатели е позната како добронамерна и љубезна дама, а нејзиниот брак важи за еден од најхармоничните меѓу познатите ѕвезди на македонското естрадно небо. Таа е во брак со Игор кого нагалено го вика Иги, а со него е во врска од свои 14 години.

Тие имаат два прекрасни сина, Данило и Дамјан, а во брак се повеќе од 20 години, откако претходно 8 години биле во врска. Еве што изјави таа во една пригода за него:
„Мојот Иги е прекрасен сопруг и всушност тој е ветерот во мојот грб, тој е мојата најголема поддршка и секогаш е тука за мене. Па така доколку се колебам во донесување на некои одлуки кои се од клучен карактер, тој секогаш знае да ми го покаже вистинскиот пат и за сето тоа сум му неизмерно благодарна. Иги е сопруг каков би посакала секоја жена, можеби звучи нескромно и несвојствено за мене, но тој навистина е таков“ изјави неодамна шармантната фолк-пејачка за порталот „Свет-Австралија“.










