CelebrityНовости

Со синот направи грешка, но со внуката никогаш: Ана Бекута ја вработи внуката во Гранд- ова ќе биде нејзината работа во шоуто!

Advertisement

Славната Ана Бекута секој слобден момент го поминува со своето семејство, синот Игор, но и со внуката Соња за која е многу приврзана.

Advertisement

За внуката на Ана велат дека сака камери, па поради тоа Ана ја повикала да биде член од нејзниот тим кој бира натпреварувачи во „Ѕвездите на Гранд“ на кого таа им е ментор.

Соња со години се занимава со шмикање, често ја разубавува и својата позната баба, а во оваа прилика им дава и корисни совети околу дотерувањето на девојките во овва шоу.

Advertisement

 Ана Бекута во младоста  на свои 17 години си го остави своето дете во дом без родители.

Игор Полиќ, син на Ана Бекута кој пејачката го родила во 1976 година како тинејџерка, на само 17 години во својата прва исповед вели дека не и замерува на својата мајка што го оставила додека бил бебе во домот за незгрижени деца.

После неколку децении молчење за вистинската семејна драма низ која поминувала неговата мајка, Игор одлучи да проговори на оригинален начин.

Тој прво на Инстаграм објави фотографија на која се тој и неговата мајка додека тој бил бебе.

-Тоа ми е навистина драг спомен. Фотографијата е стара и малку уништена, но мене ми е навистина драга. Настанала неколку месеци пред да ме однесе во дом. – вели Игор.

Тој вели дека најтешкиот период на својата мајка отсекогаш го разбирал и ја разбира нејзината одлука.

-Откако знам за себе знам дека таа била принудена еден дел од животот да биде без своето дете.Тоа никогаш не се криело од мене, ниту на мене остави било какви последици. Мајка ми сето тоа го надомести подоцна, и многу повеќе од тоа. Ние двајца и ден денес зборуваме на таа тема. Верувајте дека отсекогаш на тој период гледав најнормално. Таман работа на мајка ми да и замерувам што морала да ме даде во дом, никогаш за тоа не и префрлив. Мојата мајка морала да го направи тоа, бидејќи тогаш таков бил законот. – објаснува Игор и додава дека со својот татко не е во контакт.

Пејачката никогаш не откри зошто морала своето дете осум месеци да го остави во дом.

-„Сакав да родам дете. Вистина е, им нанесов болка на моите родители, ги посрамив, тоа се стои, поради тоа Игор некои осум месеци помина во дом. Притисокот од опкружувањето беше голем. Плодот од мојата младешка љубов беше крунисан доказ дека сум недостојна, па Господ ме обележи.“ – рекла Ана.

Погледнете како Ана Бекута изгледала во младоста, таа во тоа време постојано ги красела насловните од весниците.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button