CelebrityНовости

Сандра Африка ја продава својата јахта – купувачот за да искешира 120.000 евра има само еден услов!

Advertisement

Сандра Африка ја продава својата јахта за 120.000 евра.

Advertisement

– Сандра Африка отишла во Црна Гора за да се состане со потенцијалниот купувач на нејзината јахта, која се вика „Африка“. Во прашање е богат Црногорец кој одамна фрлил око на јахтата на Сандра, но и на самата пејачка. Веќе долго време се обидува да ја заведе, рекол дека ќе и ја купи јахтата, но само ако со неа ја преговара цента, открива добро информиран извор за регионалните медиуми.

Сандра Африка од скромна пејачка стана милионерка – како таа стекна толку богатство? 

Advertisement

Сандра  стана популарна по нејзината истоимена песна „Африка“, која во 2007 година ја напиша Марина Туцаковиќ.

Таа во тоа време, изгледаше поинаку и тогаш ретки беа оние кои веруваа дека може да постигне поголем успех.

Сепак, Сандра ја искористи својата првична популарност стекната пред се со нејзиниот атрактивен изглед и денес е една од најбараните и најплатените пејачки во регионот. Таа ја започна својата кариера како една од омилените „го-го“ танчерки во регионот и беше член на придружната танчерска група на фолк-пејачот Миле Китиќ.

Покрај стајлингот со кој што го потенцираше секој дел од нејзиното тело, многумина во тоа време и замерија што танцуваше по клубовите, истакнувајќи дека заради тоа нема да оствари некој позначаен успех на музичката сцена.

Чаршијата ја озборуваше а таа тивко редеше успеси, полека но сигурно, од ден во ден таа редеше хитови, но очигледно добро знаеше како да ги одбре сооработниците за нејзините песни, Марина Туцаковиќ стои позади нејзините најголеми хитови што ја донесоа до овој успех денес.

Нејзината прв песна стана голем хит, а Сандра продолжи да објавува песни редовно и зад себе веќе има голем број фанови. Денес издава минимум две или повеќе песни годишно, а по нејзиниот прв хит следуваа и бројни дуети со познатите естрадни ѕвезди, како на пр. со Гоца Тржан.

И така, чекор по чекор, таа стана една од најбараните пејачки во регионот и дијаспората, а со успехот дојдоа и парите.

Сандра денес е позната по љубовта кон многу скапите автомобили, а во една прилика се пофали дека поседува и јахта, за која тврди дека ја донирала нејзината баба. Таа исто така е сопственичка и на луксузен стан во Монте Карло кој исто така, наводно, го добила од нејзината баба.

-Мојата баба и дедо веќе 40 години живеат во Германија и не гледам никаков проблем во тоа што тие го купија мојот автомобил и ми го оставија станот во Монте Карло, изјави во една пригода пејачката.

 

Погледнете каква е атмосферата кога настапува Сандра Африка:

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button