Уште едно остро предупредување од СЗО: Прераното укинување на рестриктивните мерки е „РЕЦЕПТ ЗА КАТАСТРОФА“
Генералниот директор на СЗО предупреди денеска дека пребрзото укинување на вонредните, превентивните, антиепидемиски мерки е „рецепт за катастрофа“.
Според првиот човек на Светската здравствена организација земјите кои сериозно се однесуваат кон отворањето на економијата и општеството, мора да имаат сериозен пристап и во однос на спречувањето на ширењето на коронавирусот и оцени дека тоа не е „невозможна рамнотежа“, пренесуваат светските агенции.
Тој уште еднаш повтори дека најважни превентивни мерки за секоја земја и поединец се: превенција на ризични настани, заштита на ранливите социјални групи, лична одговорност и самозаштита, пронаоѓање, изолирање, тестирање и лекување на сите заболени со проверка на контактите кои претходно ги оствариле.